Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Муртезани: Уставни измени ќе има кога ќе бидеме сигурни дека нема да имаме потенцијално вето од Бугарија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Муртезани: Уставни измени ќе има кога ќе бидеме сигурни дека нема да имаме потенцијално вето од Бугарија
МАКЕДОНИЈА

Муртезани: Уставни измени ќе има кога ќе бидеме сигурни дека нема да имаме потенцијално вето од Бугарија

Објавено December 26, 2024 14:20
Сподели
Сподели

Сериозно работиме за надминување на проблемот со нашите европски интеграции, а уставни измени ќе има кога ќе бидеме сигурни дека нема да имаме потенцијално вето од Бугарија и кога ќе изнајдеме решение кое ќе го гарантира завршетокот на овој процесот, порача денеска министерот за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, Орхан Муртезани.

– И на македонски јазик имам изјавено дека никогаш не сум велел дека ќе излеземе од Владата ако нема уставни измени на крајот од годината. Кога ја формиравме Владата не го направивме тоа со една нога надвор, а со една внатре и не со уцени дека ќе ја напуштаме Владата, рече Муртезани во одговор на прашање на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања.

Нагласи дека не држи ставот дека новата Влада го блокирала патот кон Европската Унија.

-Тоа е како вие да сте ги отвориле сите поглавја и сега ние сме тие што го саботираме овој процес што не е вистина. Има само разлика во пристапот кој ние го имаме од она што е направено досега. Ние не се служиме со ПР како вие, туку велиме дека ќе се обидеме да изнајдеме решение, рече Муртезани.

Дека новата Влада работи на изнаоѓање на решение, како што кажа, имаат потврдено сите европски и американски претставници кои ја посетиле земјава.

Владата не работи само декларативно, туку работи сериозно за надминување на проблемот. Не е значајно колку месеци ќе трае тоа. Кога ќе бидеме сигурни дека нема да имаме потенцијално вето од Бугарија тогаш уставните измени ќе дојдат пред вас во Собранието и ќе бидат само техничко прашање за да осигураме 80 пратеници, потенцира Муртезани.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јаулески: Кланот Муртино-Зајас, направи груба партизација на институциите и безбедносните структури
Следна Статија Тошковски: Граничниот полицаец бил импресиониран од политичката големина на Груби и од луксузното возило

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

МАКЕДОНИЈА ТАГУВА: Погреб на загинатите во трагедијата во Кочани

Загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска ќе бидат погребани. Во трагедијата што се случи во неделата рано…

March 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Извршен увид на местото на тешка сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Битола

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп изврши увид на лице место а тешката сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Битола…

October 3, 2024
МАКЕДОНИЈА

Томовски: Правиме голем исчекор, ќе се набават 100 амбулантни возила

Ивица Томовски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување на телевизија Сител во „Тема на денот“ истакна дека од продажбата…

September 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Филипче: СДСМ бара итна декласификација на документите од случајот со АНБ

СДСМ бара итна декласификација на целата документација од случајот кој власта во јавноста го презентираше како афера за прислушкување, наведува…

September 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?