Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Муцунски од ПССЕ: Не постои случај каде бугарското малцинство било дискриминирано во нашата земја
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Муцунски од ПССЕ: Не постои случај каде бугарското малцинство било дискриминирано во нашата земја
ПОЛИТИКА

Муцунски од ПССЕ: Не постои случај каде бугарското малцинство било дискриминирано во нашата земја

Објавено October 3, 2024 19:29
Сподели
Сподели

Денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски зема учество на есенската сесија на Парламентарното собрание на Совет на Европа, која се одржува од 30 септември до 4 октомври 2024 година во Стразбур.

Во своето обраќање, министерот Муцунски се осврна на прашањето со Бугарија, потенцирајќи дека интеграцијата на нашата држава во Европската Унија е од заеднички интерес за целиот регион.

-Да зборуваме за она што не обединува и за тоа што можеме да го направиме заедно. Придвижувањето на нашиот пат кон ЕУ е важно не само за нас, туку и за нашите соседи, кои ќе имаат најголеми придобивки од нашето членство.

Министерот исто така зборуваше за третманот на малцинствата во двете земји, бугарското малцинство во нашата држава и македонското во Република Бугарија.

-Не постои случај каде бугарското малцинство било дискриминирано во нашата земја, но ако постои таков случај, подготвени сме да разговараме и да работиме институционално за негово решавање. Ајде заедно да ги унапредуваме правата на малцинствата во двете земји. Секој предлог за подобрување го прифаќаме со отворени раце, но и ние имаме право да дадеме примери каде и Бугарија мора да се подобри, особено во врска со пресудите на Европскиот суд за човекови права, истакна Муцунски.

Во завршницата на своето обраќање, министерот се осврна на иднината на регионот, која ја гледа како дел од ЕУ.

-Ние, како млада генерација политичари, можеме да учиме од историјата, но и да гледаме напред – кон вештачката интелигенција, трговијата и можностите за соработка меѓу нашите земји. Сите наши соседи ги сметаме за пријатели и ќе продолжиме да се однесуваме така. Ајде заеднички да го придвижиме регионот напред на патот кон Европската Унија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Блумберг: Израелските удари на иранските нафтени постројки ќе предизвика глобална криза
Следна Статија По кој параметар Албанија е поподготвена од нас, праша Мицкоски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Зајкова: Да се направи сеопфатен ветинг за државната служба и избраните и именувани лица  од 1991 година до денес

Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во македонското собрание, Моника Зајкова, бара целосен ветинг и детална проверка на избраните…

March 23, 2025
ПОЛИТИКА

Александар Мечка Инфомакс на координација со Заев (ВИДЕО)

Додека во Македонија трае седумдневна жалост за трагедијата во Кочани во која загинаа 59 лица, поранешниот премиер Зоран Заев не…

March 22, 2025
ПОЛИТИКА

Минчев: Центар е последното гнездо на бизнисот на двоецот Венко – Заев, поддржанo од Герасимовски

Генералниот секретар на Движењето ЗНАМ, Горан Минчев, во гостување во Тема на денот во Дневникот на Сител ТВ се осврна…

October 27, 2025
ПОЛИТИКА

Жерновски се засекира за рејтингот на ВМРО ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ е во паника поради падот од 130.000 гласа, тврди амбасадорот Андреј Жерновски во пост на социјалните мрежи. -Не е…

August 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?