Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МВР доби нова форензичка опрема за поефикасни истраги на кривични дела
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > МВР доби нова форензичка опрема за поефикасни истраги на кривични дела
МАКЕДОНИЈА

МВР доби нова форензичка опрема за поефикасни истраги на кривични дела

Објавено January 22, 2025 18:46
Сподели
Сподели

Денеска во Министерството за внатрешни работи беше извршено примопредавање на опрема за поефикасна истрага на местото на настанот во кривични дела кои вклучуваат оружје. Опремата ќе се користи првенствено од Одделот за форензички испитувања и единиците за истрага на местото на настанот во Секторите за внатрешни работи низ целата држава.

Опремата е донирана во рамките на проектот „Зајакнување на капацитетите на системот за форензика и истрага на местото на настанот за подобрување на кривично-правната контрола на мало и лесно оружје“, кој го имплементира УНДП во рамките на Патоказот за контрола на мало и лесно оружје на Западен Балкан, чиј потписник е Македонија. Како донатор на проектот се јавува Мултилатералниот доверителен фонд на Обединетите нации за мало и лесно оружје на Западен Балкан, кој го сочинуваат Германија, Шведска, Холандија, Франција, Обединетото Кралство и Норвешка, со поддршка на Европската Унија.

Опремата, во вкупна вредност од над 200.000 американски долари, се состои од универзални и специјализирани несесери за истрага на местото на настанот, фото камери, како и компјутери и соодветна хардверска опрема што ќе се користи за обработка на местата на настанот, односно злосторството. Форензиката и истрагата на местото на злосторството играат клучна улога во системот на кривичната правда кога станува збор за случаи кои вклучуваат огнено оружје. Преку анализа на балистика, траги и отпечатоци од прсти, форензичарите и увидните екипи кои работат во овие единици обезбедуваат важни докази за да помогнат во решавањето на злосторствата како и во спречувањето на идното потенцијално насилство. Целта е ефикасно откривање на сторителите и нивно санкционирање, со цел подобрен кривично-правен одговор на злоупотребата на огнено оружје, според надлежните.

Дел од донираната опрема ќе се користи и за опремување на новите простории за симулација за истраги на местото на настанот, кои УНДП ги развива во Центарот за обука на МВР во Идризово.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека „Имплементацијата на овој проект е од огромно значење Министерството за внатрешни работи, со што ја потврдуваме нашата определба кон остварување на целите од Патоказот за контрола на мало и лесно оружје, а особено кон усвојување на законската рамка за контрола на оружјето која ќе биде целосно усогласена со регулаторната рамка на ЕУ и стандардизирана во регионот, значително редуцирање на нелегалниот проток на огнено оружје, муниција и експлозиви како во рамките за Западен Балкан, така и пошироко и секако преку зајакнување на свесноста и едукативни активности со цел поефикасна контрола на малото и лесно оружје и спречување на нелегалната трговија со оружје.“

Постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации, Армен Григорјан се наврати на долгогодишната соработка со Министерството за внатрешни работи во борбата против поседувањето, злоупотребата и ширењето на мало и лесно оружје во државата. „Како резултат на нашите заеднички напори, обезбедивме специјализирана опрема за истрага, организиравме сертифицирани обуки за полициски службеници и развивме софтвер за собирање и анализа на податоците. Ова резултираше со значително подобрени истраги и превентивни мерки кои имаат за цел да ја зајакнат безбедноста на сите граѓани. Денеска бележиме нов чекор во успешната соработка со Одделот за форензички испитувања и единиците за истрага на местото на настанот низ државата. Но, не застануваме тука. УНДП моментално ја финализира адаптацијата и опремувањето на балистичката лабораторија, која ќе служи за испитување на огнено оружје и муниција во кривична постапка. Следуваат и обуки за родова сензибилизација, како и надградување на полицискиот Модул за евиденција на инциденти, документи и активности, претходно развиен од УНДП, со нови функционалности за евидентирање случаи на родово-базирано и семејно насилство“ изјави Григорјан.

Предвидените активности и донации се дел од проектот „Зајакнување на капацитетите на системот за форензика и истрага на местото на настанот за подобрување на кривично-правната контрола на мало и лесно оружје“ и ќе придонесат за надградување на балистичките капацитети и оперативните активности на Одделот за форензички испитувања при МВР и кон подобрување на аналитичките, техничките и истражните капацитети на единиците за Истрагите на местото на настанот низ Републиката.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Исчезна девојка која имала здравствени проблеми
Следна Статија Внимавајте: Поради магла е намалена видливоста на овие патишта

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски оствари средба со сопственикот на бејзбол клубот Њујорк Јенкис (NY Yankees)

Спортот знае да обединува. Во Вашингтон на прединаугурацискиот МАГА бал со Партик Бет-Давид, бизнисмен и сопственик на американскиот култен бејзбол…

January 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Потпишан ДОГОВОРОТ ЗА СТРАТЕШКО ПАРТНЕРСТВО СО ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО, тежок 6 милијарди евра (ВИДЕО)

Предмалку, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и британскиот министер за економија и извоз Герет Томас во Лондон го…

May 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

„Марш на ангелите“ во Скопје – Шест месеци без правда за Кочани

Вечерва во Скопје на плоштадот Македонија, по повод шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Kочани,  се одржа протестен…

September 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

МВР со две нови дигитални услуги на Uslugi.gov.mk

Две нови дигитални услуги на Министерството за внатрешни работи се достапни на националниот портал Uslugi.gov.mk. Министерството за внатрешни работи продолжува…

June 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?