Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: На бадниковата трпеза треба да има непарен број јадења, а оваа намирница е задолжителна покрај лепчето со паричка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > На бадниковата трпеза треба да има непарен број јадења, а оваа намирница е задолжителна покрај лепчето со паричка
МАКЕДОНИЈА

На бадниковата трпеза треба да има непарен број јадења, а оваа намирница е задолжителна покрај лепчето со паричка

Објавено January 6, 2025 11:00
Сподели
Сподели

Според традицијата, на трпезата на Бадник треба да има непарен број јадења. Неопходно е да се стави храна што ќе ви донесе среќа, здравје и плодност. Јадењата потребно е да се со непарен број- 7, 9, 11- колку повеќе се`, толку подарежлива ќе е новата година во домот. Задолжително е јадењата да се само посни.

Лепче со паричка – Лебчето замесено со сода или квасец, зазема централно место на трпезата на Бадник. Во него се става паричка. Се украсува со фигури како житни класови, плуг, крст и друго.

Суви пиперки со грав/сарма со зелка – Карактеристика на полнети пиперки за трпезата на Бадник е дека се користат суви пиперки, кои претходно треба да се потопат во топла вода за да омекнат и потоа да се измешаат со сварен грав. Другата опција се традиционалните сарми, полнети со ориз.

Компот од суви сливи – тоа е вид компот од суво овошје. Ако не ви се допаѓа, може да додадете кое сакате суво овошје.

Овошје (јаболка, ореви, мушмули, дуњи) – Во минатото на Бадник се кршеле оревите кои биле наречени за секој член од семејството. Ако јатка им е бела и голема, човекот ќе биде здрав и ќе има среќа во текот на годината.

Кисела зелка – Ги заменува свежите салати и добро оди со оние кои пијат топла ракија, која се подготвува во многу домови.

Печена тиква – Важно е трпезата на Бадник да има и нешто слатко за да е благ животот на семејството во текот на следната година. Медот е носител на мудроста на пчелите затоа него можете да го ставите врз печената тиква.

Лук – Лукот има ритуално значење. Може само да се стават неколку глави, слободно расфрлани на трпезата, но важно е и од секоја храна да се каснете барем малку. Лукот штити од зло и болести.

Покрај наведената храна на трпезата на Бадник задолжително треба да се стави и сол. Куќа без сол не треба да биде, зашто каде нема сол, таму влегуваат болестите и несогласувањата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Златен глобус 2025: Доминација на „Бруталист“ „Емилија Перез“ и „Шогун“
Следна Статија Во 2024 година најмногу пријави за труења со храна и за производи со поминат рок

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Поднесени две обвиненија за предметот „Онкологија“ – опфатени двајца екс директори и четворица лекари онколози

 Предметот „Онкологија“ е завршен и поднесени се две обвиненија до Основниот кривичен суд Скопје, информираа денеска на заедничка прес-конференција државниот…

May 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

„Безбеден град“ стартува на 1 јануари 2026: Затвор и трајно одземање на возила за најтешките прекршоци

Во Скопје, во општините Тетово и Куманово, како и вдолж коридорите „8“ и „10“ од 1 јануари 2026 ќе биде…

August 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Апел за рационална и одговорна употреба на водата за пиење

ЈП Водовод и канализација – Скопје информира за зголемена потрошувачка на водата и апелира до граѓаните на градот Скопје за…

June 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Марта Кос за Балканот: Македонија е тажна приказна

Македонија е „тажна приказна“ со оглед на тоа колку долго таа земја чека на процесот на преговори…Црна Гора останува најверојатниот…

April 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?