Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: На владина седница поминаа нови 500 милиони евра од Унгарија кои ќе бидат наменети за раздолжување на еврообврзницата земена од минатата влада
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > На владина седница поминаа нови 500 милиони евра од Унгарија кои ќе бидат наменети за раздолжување на еврообврзницата земена од минатата влада
ЕКОНОМИЈА

На владина седница поминаа нови 500 милиони евра од Унгарија кои ќе бидат наменети за раздолжување на еврообврзницата земена од минатата влада

Објавено December 11, 2024 09:00
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во Отворено студио на МРТВ на тема „Буџет 2025“ изјави дека на владина седница поминаа нови 500 милиони евра од Унгарија, кои ќе бидат наменети за раздолжување на еврообврзницата земена од минатата влада и посочи дека Владата се раздолжува од обврските кои се наследени.

-Денеска после долги и напорни преговори на владина седница помина и вториот дел од унгарскиот кредит, вторите 500 милиони евра. Ние пред избори зборувавме за 1 милијарда, кога ги обезбедивме првите 500 милиони бевме обвинувани дека биле само 500, каде се другите, а ние викавме бидете трпеливи, не сакаме уште од сега да ја истрошиме и оваа втора половина бидејќи ќе треба да плаќаме камата. Ќе ја затвориме оваа зделка кога ќе биде потребна, а тоа е сега затоа што на 25 јануари истекува рочноста на еврообврзницата која е земена во 2018 година од претходната влада и потребни се 500 милиони евра да се врати таа еврообврзница, истакна премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски појасни дека кога денеска би излегле со нашиот кредитен рејтинг и ако споредиме држави со многу подобар кредитен рејтинг дека земаат еврообврзница со каматна стапка од 5%, тогаш ние не можеме да очекуваме еврообврзница пониска од 6%, а сега добиваме заем од 3,25% што е пониско од 2,75% помалку од пазарната.

„На 500 милиони евра кога сето ова ќе го ставите, рочноста од 15 години тоа се заштеда од 200 милиони евра. Ќе се задолжиме за да се раздолжиме, односно идните влади и генерации ќе немаат еврообврзница да враќаат. Тие би требало да бидат оперативни од следната година. Останатите 250 милиони евра рековме дека ќе бидат ставени на располагање на бизнисот преку Македонската банка за обнова и развој, односно комерцијалните банки со каматна стапка од 1,95% со грејс период до 3 години и рок на отплата до 15 години што мислам дека ниту една компанија во Македонија во овој момент ги нема овие услови, би рекол и во регионот“, рече премиерот.

Мицкоски додаде дека останатите 250 милиони евра се за капитални инвестиции во општините како што се инфраструктурни проекти, булевари, улици, водоводи, пречистителни станици, училишта, градинки и слично.

„Така што од оваа милијарда евра која ја ветивме ние завршуваме три работи. Првата е дека се задолжуваме за да се раздолжиме и веќе следните влади кои да се нема да плаќаат еврообврзница една ќе има помалку. Второ трошиме за капитални инвестиции за општините, допираме до 250-300 илјади домаќинства. Трето преку бизнис заедницата допираме до сите граѓани, нагласи премиерот Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Собранието го донесе Буџетот за 2025-та
Следна Статија Мицкоски: Фантом фирми црпеле од буџетот, на тоа се става крај, за прв пат во октомври имаме суфицит во буџетот, притоа зголемени плати и пензии

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Светска премиера на Toyota GAZOO Racing и Lexus: GR GT, GR GT3 и Lexus LFA Концепт

Иновативни спортски автомобили кои ги потенцираат врвните инженерски вештини на Toyota

December 6, 2025

Доналд Трамп подготвен да го номинира Кевин Варш за претседател на Федералните резерви

Американскиот претседател најавува дека во петок утро ќе го објави новиот кандидат за да го замени Џеј Пауел

January 31, 2026
ЕКОНОМИЈА

(ФОТО) Алфалтирањето на Кичево- Охрид продолжува и во зима

До почеток на летната сезона ќе пуштиме за сообраќај околу 40 километри од автопатот Кичево – Охрид на потегот од…

November 24, 2024
ЕКОНОМИЈА

„Ново Нордиск“, производител на Оземпик, отпушта 9.000 луѓе

Данскиот фармацевтски гигант „Ново Нордиск“, производител на популарниот лек за дијабетес и слабеење Оземпик, најави дека ќе отпушти 9.000 вработени,…

September 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?