Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Над 17 отсто од вработените Европејци работат со скратено работно време
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Над 17 отсто од вработените Европејци работат со скратено работно време
Blog

Над 17 отсто од вработените Европејци работат со скратено работно време

Објавено November 11, 2024 19:20
Сподели
Сподели

Вкупно 17,1 проценти од вработените во ЕУ на возраст од 20 до 64 години лани биле ангажирани со скратено работно време, што претставува мал пораст во однос на претходната година кога ваков статус имале 16,9 отсто од европските работници.

Според податоците на Европската статистичка агенција – Евростат, во претходната деценија уделот на ангажираните лица со скратено работно време бележеше постојано намалување од 19,1 во 2014 и 2015 година до 16,9 проценти во 2022 година, за лани првпат да има пораст на оваа стапка.

Гледано по полови, во 2023 година уделот на ангажираните со скратено работно време кај вработените мажите изнесувал осум отсто, а кај жените 27,9 проценти. Додека кај мажите во целиот период изминатава деценија таа стапка се движела околу осум отсто, кај жените бележи намалување од 31,8 во 2014 на 27,9 проценти лани.

Меѓу вработените кои имале деца, со скратено работно време биле ангажирани 31,8 проценти од жените и само пет отсто од мажите. Кај вработените без деца, пак, стапката на жени вработени со скратено работно време била 20 проценти, а на мажи 7,3 отсто.

Податоците покажуваат дека уделот на вработени жени со деца ангажирани со скратено работно време е поголем од оној на жените без деца во сите земји на ЕУ, освен во Данска, Финска, Летонија, Грција и Романија.

Романија е и единствената земја од ЕУ каде што уделот на мажи со и без деца кои работат со скратено работно време е поголем од уделот на жени ангажирани на овој начин – 2,9 отсто мажи со деца и 3,5 отсто без деца, наспроти 2,4 проценти од жените со и 2,7 отсто од жените без деца.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Скопјани се жалат на загаден воздух, медицински лица велат дека заштитни маски НЕ се решение
Следна Статија Деспотовски: Со актуелното раководство на СДСМ не можеме да се надеваме на добар резултат на избори

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Раст на инфлацијата во Германија: На највисоко ниво во последните 11 месеци

Годишната стапка на инфлација во Германија, според прелиминарната проценка, се зголеми од ноемвриските 2,2 на 2,6 отсто во декември, објави…

January 7, 2025
Blog

Голем експеримент во Исланд: воведоа четиридневна работна недела, објавени резултатите

Економијата на Исланд расте побрзо од повеќето европски земји по воведувањето на пократка работна недела без намалување на платите, покажаа…

October 28, 2024
Blog

Nokia се враќа на пазарот на телефони?

Легендарниот бренд нема намера да се откаже од пазарот на паметни телефони. Nokia и HMD Global почнаа да се разделуваат…

July 27, 2025
Blog

Американски бизнисмен сака да го купи „Тик-ток“

Американскиот бизнисмен Френк Мек корт е отворен за здружување со други купувачи во обид да ги преземе операциите во САД…

January 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?