Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Над 220 граѓани ќе се обидат да го фатат крстот во реката Вардар во Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Над 220 граѓани ќе се обидат да го фатат крстот во реката Вардар во Скопје
МАКЕДОНИЈА

Над 220 граѓани ќе се обидат да го фатат крстот во реката Вардар во Скопје

Објавено January 18, 2025 10:30
Сподели
Сподели

Над 220 граѓани утре ќе се обидат да го фатат крстот што ќе биде положен во реката Вардар во Скопје, по повод празникот Богојавление-Водици. Осветувањето на водите на реката Вардар и чинот на положување на Чесниот крст и оваа година традиционално го организира Скопската православна епархија при МПЦ-ОА.

Како што изјавија за МИА од Скопската православна епархија, литургијата ќе почне утре во 9 часот во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, каде што ќе чиноначалствува владиката Јосиф.

По завршување на литургијата, во 11:30 часот владиката Јосиф, заедно со свештенството во поворка ќе се упатат кон мостот „Слобода“ каде ќе започне „Водосветот“, а потоа ќе се положи крстот во реката Вардар.

Богојавление- Водици го празнуваат православните верници уште од вториот век. На овој ден, според христијанското предание, Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден.

Според верувањата, оној кој ќе го фати крстот, ќе го следи среќа и благослов цела година. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со положувањето на крстот, водите стануваат лековити.

Во земјава, согласно Законот за празници, Богојавление-Водици е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ТикТок објави дека од утре ќе прекине со работа во САД
Следна Статија Денеска е Водокрст – строг пост, а треба да ги направите и овие обичаи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Невремето без струја го остави целиот дебарски регион

Невреме со обилен дожд, ветер и силни електрични празнења, вечерва го зафати Дебарско, што услови прекин во напојувањето со елетрична…

November 22, 2024
МАКЕДОНИЈА

Граѓани со часови заглавени во подземниот паркинг на ГТЦ

Вистински хаос се случил вчера попладнето во подземниот паркинг на ГТЦ. Вознемирени граѓани два часа биле „заробени“ на паркингот, откако паркоматите престанале да…

April 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Нема истекување на линдан во ОХИС, чистењето продолжува, велат од Министерството за животна средина

Министерството за животна средина и просторно планирање соопшти дека нема никакво истекување на линдан во поранешниот индустриски комплекс ОХИС, реагирајќи…

October 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Филипче е противречен, од една страна говори за уставни измени, од друга за прекин на преговорите ако има ново вето

– Од нас нема да слушнете едно пред камера, а друго зад затворени врати. Тоа е суштината на довербата –…

August 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?