Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Над 70 отсто од младите во Македонија се коцкале, а 17,8 отсто се зависници од комар
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Над 70 отсто од младите во Македонија се коцкале, а 17,8 отсто се зависници од комар
МАКЕДОНИЈА

Над 70 отсто од младите во Македонија се коцкале, а 17,8 отсто се зависници од комар

Објавено November 20, 2024 15:40
Сподели
Сподели

Значаен процент од младите во Република Македонија веќе стекнале зависност од играње игри на среќа, беше истакнато на денешната прес-конференција на Здружението ХОПС – Опции за здрав живот – Скопје, која ги сподели резултатите од истражувањето: „Младите и нивните навики за обложување во Македонија, во Србија и во Косово“, како и нивните препораки против зависност од игри на среќа кај младите.

-Очигледно е дека бројот на млади луѓе кои играат игри на среќа во Р. Македонија е прилично голем. Дури 71% од 214 учесници во онлајн истражувањето се изјасниле дека играле игри на среќа, а 17,8% од нив рекле дека се зависни од играње. Дури 50% од испитаниците од фокус групата играат игри на среќа секој ден. Ова укажува на голема веројатност дека значаен процент од младите во РСМ веќе стекнале зависност од играње игри на среќа, беше споделено на настанот.

Влатко Деков, главен истражувач од ХОПС, информираше дека во онлајн истражувањето, најголемиот дел од испитаниците (44,4%) рекле дека играат игри на среќа заради забава. Сепак, не е мал бројот и на оние кои одговориле дека играат за да заработат пари (24,8%) и затоа што мнозинството од нивните пријатели и пријателки се обложуваат (16%). Дванаесет проценти рекле дека играат игри на среќа затоа што се зависни од адреналин.

Врз основа на наодите од анализата на правната рамка за игрите на среќа во Македонија и на разговорот со учесниците од фокус групата и истражувањето направено онлајн со 214 лица помлади од 25 години кои играат игри на среќа, утврдени се неколку препораки.

Во постоечкиот Закон за игри на среќа да се предвидат обврски за сите приредувачи на игри на среќа за информирање на играчите за опасноста од стекнување зависност од играње игри на среќа, како и за тоа каде можат да побараат помош во случај на зависност од играње игри на среќа. Се препорачува да се предвидат обврски за сите приредувачи на игри на среќа за плаќање данок за финансирање на програми за превенција на зависности, како и на програми за лекување на зависности од игри на среќа. Потоа, да се направат промени во правната регулатива со која на јасен начин ќе се утврди обврската на приредувачите на игри на среќа да ги едуцираат своите вработени за препознавање на зависност кај играчите на нивните игри и споделување информации за можностите за лекување на зависноста и да се спроведе информативна кампања за опасностите од зависноста од игрите на среќа кај малолетници и лица помлади од 25 години.

Се препорачува Министерството за здравство да отвори програми за лекување на зависност од коцкање, Министерството за образование да воведе соодветна програма за превенција на зависности во наставната програма во основните и средните училишта, да се воведат построги санкции за непочитувањето на одредбите од Законот, особено на оние со кои се забранува учество на малолетни лица во игри на среќа и забрана за послужување алкохол на малолетници и да се обезбеди построга примена на овие одредби. Да се забрани секаква форма на рекламирање на обложување во печатени и во електронски медиуми (по примерот на забраната за рекламирање цигари).

Истражувањето било направено во рамки на регионалниот проект „Младите и коцкањето”, што го спроведува ХОПС- Опции за здрав живот Скопје во партнерство со Лабиринт од Косово и Превент од Србија, а со поддршка на Western Balkans Fund .

– Во сите три земји е забрането за лица помлади од 18 години да учествуваат во игрите на среќа. Само во Србија постои законска обврска за приредувачите на игрите на среќа да ги информираат граѓаните за ризиците од стекнување на зависност, како и за можните опции за лекување на зависност со јавно истакнување на контакт од институциите каде што граѓаните можат да се обратат доколку се зависни од играње игри на среќа. Дополнително законот во Србија предвидува обврска за приредувачите на игрите на среќа да ги оспособат своите вработени пред да почнат со работа за превентивно дејствување на зависност спрема играчите на игри на среќа, беше посочено на настанот.

Притоа беше истакнато дека вакви законски одредби изостануваат во Македонија и во Косово.

– Во сите три земји не постои строга примена на постоечката законска регулатива и испитаниците често пати се сведоци дека и малолетни луѓе играат игри на среќа, беше нагласено.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ДСЗИ ја казни со 5.200 евра Клиниката за детски болести бидејќи на ноќно дежурство прегледуваат специјализнати во име на дежурни лекари специјалисти
Следна Статија Попладнево ќе возат само 25 автобуси на ЈСП кои се на гас, другите немаат нафта

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Битиќи во анкетен лист не го пријавил накитот кој го украле крадците од неговиот дом

Поранешниот потпретседател на СДСМ и вицепремиер, Фатмир Битиќи бил ограбен за време на велигденските празници и притоа крадците го украле…

April 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Истрагата за Кочани ја води ОЈО, не владата, во време на СДСМ невозможна мисија беше истрага против член на влада и актуелен градоначалник

Обвинителството ја води истрагата за несреќата во Кочани, а не владата и токму обвинителството кажува кој ќе биде опфатен и…

April 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Експресниот пат Градско – Дреново е реалност, денеска имаме комплетно завршен пат, од Скопје до Прилеп ќе се патува за час и десет минути

Убаво е кога се отвораат капитални проекти. Пелагонија добива нов модерен експресен пат што ќе значи економски развој и поврзување…

January 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мисајловски: Воената опрема донирана од Турција даде голема поддршка на нашата одбрана

Во ова ексклузивно интервју со министерот за одбрана Владо Мисајловски за Фокус+, разговараше за витални прашања како што се регионалната безбедност,…

January 2, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?