Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Надлежните очекуваат раст на заболени од грип, пикот се очекува кон средината на февруари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Надлежните очекуваат раст на заболени од грип, пикот се очекува кон средината на февруари
ЗДРАВЈЕ

Надлежните очекуваат раст на заболени од грип, пикот се очекува кон средината на февруари

Објавено January 20, 2025 13:41
Сподели
Сподели

Надлежните очекуваат раст на заболени од грип, а пикот се очекува кон средината на февруари. Почетокот на второто полугодие за учениците и дружењето на луѓето во затворен простор поради ниските температури, се дел од факторите што допринесуваат бројот на заболени да расте во овој период.

Секоја година се зголемува бројот на заболени од грип до средината на февруари, кога се очекува пикот. Со години тоа е така. Пикот е во втората половина на февруари. Ќе растат бројките уште, но, споредено со минатите години, нема никаква разлика во однос на тоа како е сега. Дури ако споредиме со лани, оваа година состојбата со заболени лица од грип е нешто подобра. Тоа што бројот на заболени ќе расте, не зависи само од училиштата, таква е динамиката на раст на бројот на заболени од грип, појасни за МИА, портпаролот на Комисијата за заразни болести Злате Мехмедовиќ.

Мехмедовиќ препорачува децата кои веќе имаат развиено симптоми налик на грип, да бидат изолирани и да не одат во училиште.

Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје, од 6 до 12 јануари пријавени биле 1.053 случаи на групни пријави за заболени од грип и слични заболувања, или 3,2 пати повеќе во споредба со претходната недела.

Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување. Институтот за јавно здравје препорачува вакцинација на целото население, особено на лица кои припаѓаат на таканаречените ризични групи согласно препораките на СЗО: лица над 65 години, деца на возраст од шест до 59 месеци, лица постари од шест месеци со хронични болести, бремени жени и здравствени работници, подвлекуваат од Институтот.

Заклучно со втора недела од 2025 година, во државава вакцинирани се вкупно 72.318 лица со бесплатна или комерцијална вакцина против грип.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски го покани Такер Карлсон да ја посети Македонија
Следна Статија „Маркова нога“ готова до 2027-ма?! Катимерини по 6 години се сети на грчките обврски од Преспанскиот договор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Доктори од ГАК присуствуваа на напредна обука во Солун

Дел од пресоналот предводен од директорката на ГАК Проф. Д-р Ирена Алексиоска Папестиев и Ас. Д-р Даниел Милковски присуствуваа на…

July 17, 2025
ЗДРАВЈЕ

„Мој термин“ отсега со верификација на телефонски број

Во насока на подобрување на достапноста на здравствените услуги за пациентите, во системот „Мој термин“ е воведена опцијата за верификација…

February 26, 2025
ЗДРАВЈЕ

Бурни реакции за случајот „Онкологија“: Како не постои смртна казна за овие кои свесно од лична корист на тешко болните од карцином им давале “терапија” за побрзо да починат

Скопското обвинителство поднесе две обвиненија за случајот „Онкологија“ со која се опфатени шест лица и тоа медицинскиот директор, организацискиот директор на Клиниката…

May 23, 2025
ЗДРАВЈЕ

Педесет нови случаи на грип во државава

Во текот на 19. недела од 2025 година – од 5 до 11 мај, во Република Македонија се пријавени 50…

May 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?