Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: НАМАЛЕНИ И ДО 75%: Од денес стапуваат на сила новите цени на услугите во Агенцијата за катастар на недвижности
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > НАМАЛЕНИ И ДО 75%: Од денес стапуваат на сила новите цени на услугите во Агенцијата за катастар на недвижности
МАКЕДОНИЈА

НАМАЛЕНИ И ДО 75%: Од денес стапуваат на сила новите цени на услугите во Агенцијата за катастар на недвижности

Објавено October 24, 2024 10:00
Сподели
Сподели

Од денес стапуваат на сила новите намалени цени за голем дел од услугите на Агенцијата за катастар на недвижности. Минатата недела во Службен весник беа објавени измените и дополнувањата на тарифниците, со кои се врши промена и намалување на цените на најкористените услуги на Агенцијата за дури 75%.

Досега, граѓаните при купопродажба на стан и паркинг простор плаќаа за четири имотни листови вкупно 5.000 денари. Со новите промени, таа услуга ќе чини само 1.250 денари, без разлика на бројот на имотни листови, по правен основ, во една катастарска општина. Ова претставува намалување за цели 75%.

Дополнително, со ова намалување се опфатени и наследните решенија и договорите за дар каде отсега ќе се наплаќа по правен основ во една катастарска општина во износ од 1250 денари, а не како досега за секој имотен лист по 1250 денари.

-Новината, која заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ја најавивме пред околу два месеци, од денес стапува на сила. Со ова ги исполнуваме нашите ветувања за пониски цени на голем дел од услугите на Агенцијата, потврдувајќи дека граѓаните и Македонија се наш приоритет. Благодарност до Владата која даде поддршка и го прифати нашиот предлог, изјави директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски.

Тој додаде дека со намалувањето на цените се завршува процес на кој активно се работеше во изминатите два месеци. Во следниот период, фокусот ќе биде ставен на дигитализацијата на катастарот, со цел услугите да бидат уште подостапни за граѓаните и правните лица.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Турција нападна цели на курдските милитанти во Ирак и Сирија откако ги обвини за вчерашниот напад кај Анкара
Следна Статија Џони Деп гради куќа во Србија, Новак Ѓоковиќ ќе му биде прв сосед

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Евробарометар: Малтежаните силно ја поддржуваат македонската и албанската кандидатура за членство во ЕУ

Македонија и Албанија се најпосакуваните кандидати за членство во Европската Унија меѓу граѓаните на Малта, покажува анкетата на Евробарометар, пренесува…

September 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова за Папата: Ќе го паметам по исклучителниот ум, мудрост, топлина и едноставност

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова се огласи по повод смртта на папата Франциск. Како што вели, ќе го памети…

April 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Одговорност ќе има за сите што го прекршиле законот, но за висока корупција и кражби од епски размери не е можно брзо постапување

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска уште еднаш вети дека ќе има одговорност за сите што го прекршиле законот,…

October 5, 2024
МАКЕДОНИЈА

Меџити за Рамазан Бајрам: Солидарност, пожртвуваност и заедничка работа за општото добро

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити по повод празникот Рамазан Бајрам упати честитка до…

March 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?