Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Народна банка: Се зголемува плаќањето со картички и преку мобилни апликации
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Народна банка: Се зголемува плаќањето со картички и преку мобилни апликации
ЕКОНОМИЈА

Народна банка: Се зголемува плаќањето со картички и преку мобилни апликации

Објавено January 2, 2025 14:00
Сподели
Сподели

Во третиот квартал од 2024 година е забележан значителен годишен раст на бројот и вредноста на платежните трансакции на граѓаните во трговијата. Трансакциите  со картички, издадени од домашните даватели на платежните услуги, пораснале за 10,2 отсто по број и за 13,6 проценти по вредност, соопшти Народната банка.

Овој раст, оценува Банката, најмногу се должи на високиот годишен раст на бројот на плаќањата во е-трговијата во земјата, кој изнесува 29,2 отсто, како и на растот од 8,8 отсто на плаќањата преку терминалските уред ПОС.

Според НБ, забележан е и годишен раст во бројот на плаќањата на граѓаните со платни налози. Бројот на платежните трансакции се зголемил за  9,9 отсто, а вредноста на остварените трансакции пораснала за 22,2 процента.

-Ова укажува на натамошно зголемување на употребата на дигиталните канали за иницирање на овие плаќања. Најзначајни се резултатите од употребата на апликациите за мобилно плаќање, кои покажуваат годишен раст од 50,2 отсто во бројот на платежните трансакции споредено со истиот период од 2023 година. Во рамките на овие податоци, се истакнува податокот дека граѓаните извршиле 65 отсто од вкупниот број електронски иницирани платни налози преку мобилните платежни апликации, што покажува дека мобилните апликации за плаќање стануваат сѐ попопуларни, бидејќи нудат побрзи и поедноставни решенија за  иницирање на платежните трансакции, наведува Народната банка.

Податоците од доменот на платежната статистика за третиот квартал од 2024 година, освен што ги опфаќаат платежните трансакции на граѓаните во земјата, вклучуваат и податоци за платежните трансакции на правните лица во земјата. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) На пречекот во Брисел: изгореа 60 автомобили, нападнати пожарникари и полиција
Следна Статија Мисајловски: Воената опрема донирана од Турција даде голема поддршка на нашата одбрана

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Со Оперативниот план ќе се вработат 400 пожарникари за справување со пожарите

Оперативниот план 2025, насловен „Визија за промена“, предвидува мерки кои ќе ја трансформираат Македонија и ќе го подобрат животот на…

June 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Од полноќ поскапуваат горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе Одлука со која се врши зголемување…

November 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

„Луфтханза“ разгледува евентуално укинување на 100 домашни летови

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ би можела да укине околу 100 домашни летови неделно следното лето поради зголемените даноци и аеродромските такси…

October 18, 2025
ЕКОНОМИЈА

Се зголемува цената на бензините и на дизелот

Цените на горивата од вечерва на полноќ се зголемуваат, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. ЕУРОСУПЕР 95, ЕУРОСУПЕР 98+ и ЕУРОДИЗЕЛ…

June 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?