Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Наскоро возови и до Тетово, Гостивар, Штип и Кочани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Наскоро возови и до Тетово, Гостивар, Штип и Кочани
МАКЕДОНИЈА

Наскоро возови и до Тетово, Гостивар, Штип и Кочани

Објавено February 5, 2025 14:44
Сподели
Сподели

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски денеска соопшти дека амбицијата на Владата е во следниот период да пушти возови до Тетово, Гостивар, Штип и Кочани, како и да ја врати целосно линијата до Кичево.

Како што изјави Николовски по денешната посета на „Железници Транспорт”,  момнентно во земјава се активни пет возови за патнички сообраќај, пет локомотиви за товарен сообраќај и четири локомотиви кои се изнајмени.

– Од нула возови и локомотиви минатиот јули, сега имаме вкупно 14 на македонските пруги. Кога бевме избрани во јули лани Македонија немаше железница, немаше оперативни возови и локомотиви. По само шест месеци резултатите се гледаат. Депото низ кое прошетавме денеска во јули минатата година беше запуштено, во него не влегуваше никој, имаше темна слика, а денес вредни луѓе ги одржуваат и поправаат возовите. Споредено со четвриот квартал во 2023 година, четвртиот квартал во 2024 година во делот на товарот има зголемување за 75 проценти. Тоа е срцето на „Македонски железници – Транспорт“ зашто најголем дел од приходите доаѓат токму преку карго сообраќајот, а исто така во делот на патничкиот сообраќај, споредено, пак, трет квартал 2023 со трет квартал 2024 година, има зголемување за 36 отсто. Тоа се огромни бројки и огромни разлики, рече Николовски.

Тој претходно најави дека денеска попладне, во 16:30, ќе тргне првиот воз од Скопје за Куманово.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Националната развојна стратегија 2024-2044 е визионерски документ кој има за цел фундаментална трансформација на земјата
Следна Статија Кривична пријава против екс директорот на СОЗР Пеце Мирчески за примање поткуп, фалсификување исправа и проневера и несовесно работење во службата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Нема алкохол и пушење по собите- ќе се применуваат строги правила во студентските домови

Во македонското Собрание се доставени измени на Законот за студентски стандард, со кои се заоструваат условите за користење на сместувањето…

July 10, 2026
МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Во тек е пополнување на местата на шефови на дипломатско-конзуларните претставништва

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, денеска на прес-конференција најави дека е во тек на пополнување на местата на шефови…

April 20, 2026
МАКЕДОНИЈА

Јаневска за ТИМСС тестирањето: Резултатите се лоши, но се доказ дека на образовниот систем му се потребни промени

Резултатите од ТИМСС тестирањето се лоши и за жал, ова не е новост. Но, тие се и доказ дека на…

December 4, 2024
МАКЕДОНИЈА

Ќе поднесе ли Коцевски оставка?!

Политиката ја оставам на политичарите, имаме многу цврсти докази да ги добиеме на суд големите случаи како „Онкологија“, Пулс“ и…

July 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?