Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Не помина интерпелацијата за вицепремиерот Иван Стоилковиќ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Не помина интерпелацијата за вицепремиерот Иван Стоилковиќ
ПОЛИТИКА

Не помина интерпелацијата за вицепремиерот Иван Стоилковиќ

Објавено January 10, 2025 23:05
Сподели
Сподели

Собранието со седум гласа „за“ и 52 „против“ ја отфрли интерпелацијата за првиот потпретседател на Владата и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоиљковиќ.

Одговорност за работата за спроведување на Рамковниот договор поради неспособноста и неговиот пораз во унапредувањето на меѓуетничките односи, побара вечерва коалицијата „Европски фронт“ од вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ.

Интерпелацијата ја образложи пратеничката Дијана Тоска од коалицијата „Европски фронт“, која рече дека интерпелацијата се однесува и за третирањето на односите и случките кои, како што рече,  ја ставиле во опасност состојбата и безбедноста на државата. 

Иван Стоилковиќ место да биде гаранција за хармонија и стабилност, се претвори во симбол на неспособност и отсуство на волјата да се почитуваат основните принципи на правото, нагласи Тоска.

Taa праша што направил досега Стоилковиќ за да се спроведе Охридскиот рамковен договор, а за случајот со славењето на албанското знаме рече дека виделе бруталност и првокација која, како што рече, не била осудена од институциите. Го обвини за неспособност при менаџирање на меѓуетничката состојба и упати прашања  како се почитува албанскиот јазик и  албанското знаме.

Вицепремиерот Стоилковиќ рече дека неговата интерпелација му е нејасна, а исто така и на медиумите и македонската јавност.

Суштината на мојата интерпелација се затскриваше зад приказната како тоа Србин може да биде министер во македонската Влада. Како местата за министри да се резервирани само за ДУИ или за некој друг. Лутањето во врска со интерпелацијата и моето вклучување во настаните од 28 ноември кога се одбележуваше албанското знаме е само една маркетинг приказна за да ги внесе Србите во таа приказна, ни криви ни должни преку мене, рече Стоилковиќ.

Според него, ДУИ глумела жртва подолг период и додаде оти глумат и сега за да предизвикаат емотивна врска со нивни гласачи зошто оваа година не очекуваат локални избори. Според него, ДУИ креираат виртуелна реалност, креираат опасности и проблеми за потоа да ги решаваат. Тој рече дека се залага за еднаков третман на сите етнички заедници во земјата, праша каде е доказот за тоа дека не го почитувал албанскиот јазик. Посочи дека ресорното министерство беспрекорно функционира, сите доаѓаат на работа, се работи, иако, како што рече, најголем дел од вработените се Албанци и од ДУИ. Порача место да се шири омраза и нестабилност, да се преиспитаат ДУИ. 

Според Сали Мурати од „Европскиот фронт“,  интерпелацијата не е само прашање на еден министер, туку и на темелните вредности врз кои е изградена државата која е уникатен пример за мултиетничко општество.

Охридсиоит договор не е само документ, туку наша определба. За жал, она што го гледам во работата на Стоилковиќ е сериозно отстапување од овој принцип. Селективниот пристап во третмаот на меѓуетничките е длабоко загрижувачки, не можеме да градиме доверба меѓу заедниците за кои се одговорни токму вие. За осуда е палењето на државното знаме, но и палењето на знамињата на другите заедници. Вашата позиција не е обична функција, а за нас, малите заедници, е најзначајна. Бара градење мостови, а не разединување. Стоилковиќ за случајот на 28 ноември покажа селективен пристап, што придонесува за продлабочување на недовербата. На 28 ноември немаше правна сигурност за граѓаните, ниту имаше еднакво важење на законот, рече Мурати. 

Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека нема да ја поддржат интерперлацијата бидејќи, како што оцени, се работи за лов на евтини поени врз основа на меѓуетнички прашања.

Наведените основи во интерпелацијата се во исклучива надлежност на безбедносните структури и во никаква надлежност на Стоилковиќ. Инцидентот во Куманово не беше меѓуетнички. Вистинската основа за интерпелацијата е што Стоилковиќ јавно ги откри криминалите за работењето во Министерството, додека со него раководел Артан Груби кој знаеме каде е денеска и затоа, наместо вака да се обидува да го брани Груби, најдобро ќе биде да ја повлечете оваа неоснована интерпелација. Столковиќ е посветен на надградување на меѓуетничкот дијалог и не заслужува ваква политичка игра, наместо да го трошиме времето на ова, да продолжиме да работиме на реашвање на клучните порашања во државата. повика да ја одбијат интерпелцијата, рече Петрушевски.

Во тек е интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Доаѓа Стара Нова година, па Василица- направете го ова за да ве прати среќа цела година
Следна Статија Пет интерпелации во еден ден, помина само една, но и таа нема обврзувачки последици

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски: „SKOPJE CITY GO“, Мал Ринг зона без автомобили, град без депони – современо и паметно урбано Скопје

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, во интервју за Прес24 вели дека јвниот превоз во Скопје…

September 25, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Категорично сум против етнички поделби во науката

Претседателот на СДСМ Венко Филипче објави дека е категорично против етнички поделби во науката по идејата за формирање паралелна академија…

October 16, 2024
ПОЛИТИКА

ВЛЕН: Таравари отиде за шест општини, остана со четири заврши со нула

Нереализирањето на цензусот во општините Гостивар и Врапчиште е најјасниот одговор на политичките акробации што со месеци се правеа во…

October 21, 2025
ПОЛИТИКА

Шабан Салиу објави кандидатура за градоначалник на Шуто Оризари

Претседателот на Демократските сили на Ромите (ДСР),  Шабан Салиу, синоќа ја промовираше својата кандидатура за градоначалник на општина Шуто Оризари.…

September 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?