Општина Карпош им соопштува на своите граѓани дека патот меѓу Пантелејмон и Средно Водно во моментот не е безбеден за движење со моторно возило и апелира истиот да не се користи поради голомразица, објавија од таму на фејсбук страната.
Утрово на овој потег беа регистрирани повеќе возила заглавени во снегот.
Надлежен за одржување на овој пат е ЈП „Македонија пат“, но за жал до сега по трасата ниту е фрлено сол, ниту е поминато со било какво возило за расчистување на снегот.
Патот во моментот е безбеден само за пешачење и секое тргнување по истиот со возило е на ризик на возачот на возилото.