Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Неопходно е подигнување на свесноста за превенција од рак на дојка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Неопходно е подигнување на свесноста за превенција од рак на дојка
ЗДРАВЈЕ

Неопходно е подигнување на свесноста за превенција од рак на дојка

Објавено October 19, 2024 17:33
Сподели
Сподели

Подигнувањето на свесноста за превенција од рак на дојка е целта на настанот „Појадок со ХЕМА-ОНКО“ и хуманитарниот базар што денеска се одржа во Школка во Градскиот парк во Скопје под мотото „Заедно во превенција и свест за рак на дојка – твојата сила започнува со твојата свест“ во организација на Здружението „ХЕМА-ОНКО“, посветено на пациенти со рак и нивни негуватели и нивните членки „Пеперутки“, по повод октомври – месецот кој секаде во светот се одбележува како месец за подигнување на свеста за рак на дојка.

Настанот, како што беше посочено, е само почеток на се она што се планира да се сработи за да се промени здравствениот систем. Целта е да се промени позитивната листа, да се променат протоколите на Онкологија и да се направи современа скрининг програма која ќе биде за пациентките од рак на дојка, но и за заштита на оние кои не се заболени за да се спречи растот на бројот на заболени.

Потпретседателот и менаџер за комуникации во „ХЕМА-ОНКО“, Милица Кузмановска порача дека настанот „Појадок со ХЕМА-ОНКО“ кој беше почнат минатата година на Клиниката за хематологија веќе преоѓа во традиционален.

-Со овој настан го одбележуваме месец октомври кој глобално се прославува како месец за подигнување на свесноста за рак на дојка. Нашето здружение е посветено на пациенти со рак на дојка и во членството имаме голем број на пациенти со рак на дојка, тоа се нашите „Пеперутки“, изјави Кузмановска.

Претседателката на „ХЕМА-ОНКО“ Лидија Пецова истакна дека идејата за организирање на ваков настан ја добила додека живеела во Австралија каде речиси 25 години организирала „Појадок за болни од рак на дојка“.

-Ние сме посветени на пациентите со рак на дојка, но и на сите видови рак и нивните негуватели, рече Пецова.

Ана Марјановиќ посочи дека како една од „Пеперутките“ може да потврди дека во земјава не се зголемува свеста кај жените за ракот на дојката и покрај настаните како денешниов што се организираат за подигнување на нивната свест.

-Токму тоа е еден од проблемите во нашиот здравствен систем и една од причините поради која ние „Пеперутките“ од една обична фејсбук група решивме да се приклучиме кон „ХЕМА-ОНКО“ и да станеме официјално здружение, како и за поорганизирано да се бориме со системот и да ги промениме работите во здравството. Не само што треба да се работи на подигнување на самосвеста и прегледите кои сами ги прават жените, па и мажите, треба сериозно да се работи и на скрининг програмата и да се подобри целокупниот здравствен систем, вклучувајќи ја и терапијата. Токму тоа и нашата цел како „Пеперутки“, потенцира Марјановиќ и додаде дека во земјава не се знае точниот број на пациенти заболени од рак на дојка заради немањето регистар за заболени од рак.

Сепак, како што кажа, бројот на заболени годишно се зголемува за нови 1.000 до 1.200 пациенти.

-Без програма која ќе направи превенција во наредните 10 години овие бројки ќе одат само нагоре. Како онколошки пациенти на нашата листа на барања првото место го зазема промената на позитивната листа на лековите, веднаш потоа е скрининг програмата која иако е нова има премногу пропусти. Затоа треба да се преработи и за да се изработи нова програма во соработка со пациентските здруженија. Трето барање е нови протоколи на Онкологија за да се подобрат условите з апациентите, но и да се олесни работата на докторите, бидејќи во нехуманите услови што ги има и тие не можат да се посветат на пациентите како што треба, рече Марјановиќ.

Во моментов, како што кажа, според нејзините информации на Онкологија има терапија и не е вратен ниту еден пациент, а поголеми проблеми има околу скрининг програмата и наоѓање термини за дополнителни прегледи. Новодијагностицираните, додаде, имаат голем проблем за закажат ехо на дојка и мамографија, но не се чека за хируршки третман.

-Треба да се направат нови протоколи во кои ќе има соработка помеѓу Онкологија, Радиологија и Хирургија бидејќи тоа е поврзано и треба да се промени како се гледаат и како се третираат пациентите, порача Марјановиќ.

Доктор Гордана Петковска, специјалист онколог на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија што работи на одделот што третира пациенти со рак на дојка истакна дека на светско ниво од 2012 година статистиките покажуваат дека за еден отсто годишно се зголемува бројот на заболени од рак на дојка, но благодарение на развојот на медицината и на лековите за 40 отсто е намалена смртноста од оваа опака болест.

-Сметам дека е многу важно да постојат и да работат пациентски здруженија кои во светот рушат системи, обезбедуваат подобри услови за сите пациенти. Не се сами во борбата, тука сме со нив и максимално ги поддржуваме зашто нивната борба е и наша борба. И ние се соочуваме со недостаток на лекови и со недостаток на термини за дијагностика. Тоа не е во рацете само на Онкологија како институција, туку е дел од здравствениот систем за кој се надеваме дека ќе го подобриме, изјави д-р Петковска.

Нагласи дека се поместува старосната граница на заболени од рак и дека се почесто заболуваат жените под 50 годишна возраст.

-Постои преоптовареност секаде и во секоја амбуланта. Секојдневно се зголемува бројот на заболени и се трудиме секој ден да одговориме на потребите. Сепак, во Македонија се уште немаме точни податоци за заболените од рак заради регистерот на рак кој се уште е во зародиш и кој се уште не ги дава точните бројки, потенцира д-р Петковска.

На настанот присуствуваше и своја поддршка даде и претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ќе ја отвори ли албанската академија пандорината кутија за формирање и други академии!!
Следна Статија Се огласи Нетанјаху по нападот на неговиот дом

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Филипче алармира: Има директори кои земаат пари за дежурства, а никогаш не се појавиле на клиника!

Скандалозни злоупотреби, хаос во здравството и директна загрозеност на животите на пациентите – ова го открива претседателот на СДСМ, Венко…

February 2, 2025
ЗДРАВЈЕ

Најавена реформа на Мој Термин – побрз, поедноставен и подостапен систем

Министерот за здравство, Азир Алиу денес имаше работна средба со директорот на Управата за електронско здравство, Фикрет Шабани, на која…

July 19, 2025
ЗДРАВЈЕ

ДЗР: Клиниката за дерматологија нема евиденција за лекови за ретки болести во вредност од 600.000 евра

Слабости во управувањето со лековите за ретки болести, финансиското управување и недостиг на ефикасност во реализацијата на договорените здравствени услуги…

January 30, 2025
ЗДРАВЈЕ

Од 10 до 16 март пријавени се нови 1.370 случаи на заболени од грип

Во текот на 11. недела од 2025 година, во државава пријавени се 1.370 случаи на групни пријави за заболени од…

March 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?