Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: ДУИ на власт ги интересираше само полнење на нивниот џеб, а сега гледаме глумат спасители на Албанците
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Николоски: ДУИ на власт ги интересираше само полнење на нивниот џеб, а сега гледаме глумат спасители на Албанците
МАКЕДОНИЈА

Николоски: ДУИ на власт ги интересираше само полнење на нивниот џеб, а сега гледаме глумат спасители на Албанците

Објавено December 12, 2024 22:30
Сподели
Сподели

На гостувањето во „Само интервју’’ на Канал 5 телевизија, министерот за транспорт и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, говореше за протестите на ДУИ и нивните драми околу Уставниот суд, каде што после пет години им текна на судиите да го стават Законот за јазици на дневен, токму кога СДС и ДУИ се во опозиција.

-Ова е една провидна политичка игра, ние кои што сме поискусни во политиката, јасно ја читаме играта. Овдека кадија те тужи, кадија те суди, сакаше ДУИ да прави, од една страна да создаваат проблем, од друга страна да го решаваат проблемот и на тој начин да пробуваат да изигруваат спасители на Албанците од една страна, а од друга страна некакви си гарантори на стабилност во државата’, истакна Николоски.

Николоски појасни дека на ДУИ им одговара прашањето со Уставниот суд да трае четири години и така би биле најсреќни, бидејќи зелената агенда им пропадна и дека не се баш по работењето, туку по полнење на сопствениот џеб.

-Зелената агенда им пропадна, нели истрчаа еднаш низ планина во зелени маици со Мерко напред. По проекти нешто не се многу, еве ги гледам јас во мојот ресор како работеле проекти, односно не работеле единствено ги интересирало да си наплатат. И единствената точка која што им останува за која што можат да зборуваат се етнички тензии, кои што според нивната филозофија тие би ги создавале и тие би ги решавале’, посочи тој.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ напомена дека ДУИ освен крадење, за друго и не се интересирале.

-Тоа што поткраднуваа, паралелно со тоа што нели беа, фактор на стабилност, треба да им се прости за да Македонија е стабилна и така се продаваа и во домашната и меѓународната јавност. Но тој филм со изборите 2024 и со оставањето нивно во опозиција, што беше наше клучно ветување мислам дека заврши, дециден е Николоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ѓорѓиевски: Минималната глоба за создавачите на диви депонии да биде од четири до шест илјади евра
Следна Статија Мемов: Препораките на Фискалниот совет за пензионирање не се прифатливи во овие услови и во овој момент

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ако ви се падне паричката од лепчето за Бадник- направете го ова и ќе имате среќа до следниот Божиќ

Со векови лепчето за Бадник е традиционално кое домаќинките во Македонија го подготвуваат за Бадник. Неизоставен дел од лепчето е…

January 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Клековски: Нема да поднесам оставка, СДСМ е последниот што може да бара одговорност

Директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) Сашо Клековски вечерва изјави дека нема да поднесе оставка на барањата на СДСМ…

January 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Орбан: Срамно е што процесот на зачленување на Македонија во ЕУ оди споро, за тоа одговорни се членките на Унијата

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан на денешната заедничка прес-конференција со македонскиот премиер Христијан Мицкоски, истакна дека посетата на македонската владина…

March 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Почина македонската писателка Оливера Николова

На 88-годишна возраст почина Оливера Николова, македонска писателка за возрасни и за деца, една од најплодотворните, најнаградувани и најчитани македонски…

November 4, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?