Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Градиме за да обезбедиме квалитетно поврзување со соседите, до Нова година ќе го пуштиме експресниот пат до границата со Бугарија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: Градиме за да обезбедиме квалитетно поврзување со соседите, до Нова година ќе го пуштиме експресниот пат до границата со Бугарија
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Градиме за да обезбедиме квалитетно поврзување со соседите, до Нова година ќе го пуштиме експресниот пат до границата со Бугарија

Објавено October 25, 2024 11:40
Сподели
Сподели

Македонија е природна крстосница на двата коридори и затоа мораме да ги искористиме предностите. Имаме огромна шанса, но мораме да имаме и заложба од другите земји кои се на двата коридори за заеднички да ги унапредиме, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски во емисијата Клик Плус на ТВ 21.

До границата со Бугарија води експресен пат кој околу Нова година ќе го пуштиме во сообраќај за граѓаните и за околу 1 час и 20 минути ќе се стигнува до границата. Започнавме реконструкција на граничниот премин Деве Баир, но од другата страна на границата ништо не се работи за да може квалитетно да се поврземе, потенцираше министерот Николоски.

Тој го посочи примерот и со граничниот премин Клепало кој од македонска страна е изграден пред десетина години, но не е ставен во функција од причина што бугарската страна до сега нема инвестирано во инфраструктурата.

-Ако имаме автопатско поврзување кон Бугарија а тие немаат, тогаш која е поeнтата ние да градиме автопати. Сега ја забрзуваме постапката за Охрид – Кичево, забрзуваме и со Гостивар – Букојчани, што значи дека ќе имаме автопат и нa запад. Добра вест е што Албанија гради, што значи дека ние автопатски ќе се поврземе со две пристаништа Драч и Валона, додека од бугарска страна не се грaди ништо. Истото е и со пругата. Мораме да имаме заедничи проект бидејќи пругата не води никаде. Тие јавно истакнаа дека немаат проект за пругата и дека до 2026 година ќе го направат проектот, а ќе им требаат уште најмалку четири години да ја изградат. Јас не сакам да оставам позади мене незавршен проект па генерациите после мене да решаваат проблеми. Дополнително на Бугарите ќе им треба повеќе време бидејќи тие треба да ја реконструираат и целата пруга од Ѓуешево до Софија, истакна министерот Николоски.

Тој потенцираше дека потребно е да се ревидира прво проектот за третата фаза, потоа да се прилагоди цената и да се обезбеди договор со Бугарија со кој ќе дадат гаранции дека пругата ќе ја изградат до границата.

Во однос на коридор 10, тој исткана дека приоритет за следната година е реконструкција на пругата на Коридор 10 и амбициозниот проект за изградба на брза пруга исто така на Коридор 10.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Некој му ја згазна ногата на Лавров на самитот, снимката што ја објави Киев стана вирална
Следна Статија Полска радио станица ги отпушти сите новинари и ги замени со вештачка интелигенција

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Во мај наплатени вкупно 177,3 милиони евра, приходите од увоз на возила зголемени за 20 %

Царинската управа во мај наплати приходи во износ од 177,3 милиони евра, што е за 7,3 проценти или 12,1 милиони…

June 10, 2025
ЕКОНОМИЈА

Вицегувернерката Митреска: Очекуваме понатамошно намалување на инфлацијата следната година

Инфлациските очекувања се поволни, a притисоците од глобалните цени на храната и енергентите се намалија, со што за наредната година…

November 22, 2024
ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАПОЛИТИКА

Мицкоски: Се разгледаа важни прашања од заеднички интерес на денешната меѓувладина седница во Охрид

Премиерот Христијан Мицкоски се огласи по завршувањето на меѓувладината седница помеѓу македонската и Владата на Унгарија. Седницата којашто ја предводевме…

September 27, 2024
ЕКОНОМИЈА

Граѓаните ќе заштедуваат од 50 до 60 милиони евра со влезот на Македонија во СЕПА, појасни премиерот

Со влезот на Македонија во СЕПА, граѓаните ќе заштедуваат од 50 до 60 милиони евра и дотаците нема да се…

March 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?