Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: И во иднина ќе продолжиме со поддршката за ранливите категории на граѓани, во моментот се гради во три општини
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Николоски: И во иднина ќе продолжиме со поддршката за ранливите категории на граѓани, во моментот се гради во три општини
МАКЕДОНИЈА

Николоски: И во иднина ќе продолжиме со поддршката за ранливите категории на граѓани, во моментот се гради во три општини

Објавено February 1, 2025 13:03
Сподели
Сподели

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска при доделувањето на социјални станови во општина Кочани истакна дека и во иднина ќе продолжи ваквата поддршка и дека во моментов се гради или се довршуваат ваков тип на градби кои ќе бидат наменети за социјално ранливи категории на граѓани.

-После неколку месечна успешна работа на новиот директор на ЈП како и на неговиот тим веќе ги гледаме првите резултати. Завршена е процедурата во соработка со министерството за транспорт за распределба на социјални станови за ранливи категории на граѓани и во Кочани и во Велес, изјави вицепремиерот Николоски.

-Се работи за категории на граѓани кои што навистина имаат потреба и се надевам дека ќе си најдат среќа и топол дом во истите, рече Николоски.

Николоски на новите корисници на становите им посака среќа и убави моменти во новите домови.

-Би сакал на сите кои денеска ги добиваат да им посакам убави моменти во годините кои што се пред нив, секако дека ќе продолжиме да даваме ваква поддршка. Инвестицијата тука не е мала, се работи за инвестиција од 72 милиони денари, инвестиција која што оди дирекно од буџетот, а во моментот работиме уште во неколку општини на довршување или на исградба на социјални станови, тоа се општините Прилеп, општината Каменица, општина Бутел во Скопје, истакна вицепремиерот Николоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Лефков: ВМРО-ДПМНЕ бара ревизија на сите пресуди каде криминалци наместо затворски добиле пониски казни
Следна Статија Инспекторите се на терен, во сите поголеми супермаркети, вели Мицкоски, обврска ни е да го штитиме стандардот на граѓаните

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Николоски: Oрбан е човек од кого може многу да се научи, пријателство кое трае со децении

Вицепремирот Александар Николоски на Фејсбук напиша дека премиерот на Унгарија напиша дека премиерот на Унгарија е голем поддржувач на Македонија.…

March 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: „Сејф сити“ треба да почне да функционира од 1 јануари 2026 година

Системот „Сејф сити“ треба да профункционира од 1 јануари 2026 година, најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервју…

February 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

МВР ќе го истражува осветувањето на полициските возила

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди презема активности за целосно…

January 7, 2026
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Во 50 училишта ќе се постават фотоволтаични системи

Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Георгиевски денеска го посетија…

March 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?