Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Изведувачот се спремаше за арбитража, работниците беа повлечени, а денес имаме преубав експресен пат!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Николоски: Изведувачот се спремаше за арбитража, работниците беа повлечени, а денес имаме преубав експресен пат!
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Изведувачот се спремаше за арбитража, работниците беа повлечени, а денес имаме преубав експресен пат!

Објавено January 14, 2025 12:30
Сподели
Сподели

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски денес присуствуваше на отворање на пуштање во употреба на делницата Градско-Дреново.

-Во рок од само десетина дена, второ големо отворање. Денес го отвараме експресниот пат кој ќе нè поврзува од Градско до Дреново. Еден преубав експресен пат кој ќе значи многу во поврзувањето и на Прилеп, Битола, Могила, Новаци, Кривогаштани, Крушево, Росоман, со главниот град. Ќе значи и поврзување со соседна Грција и поврзување со Коридорот 10 кој треба да значи целосно или автопатско или експресно поврзување со ГП Меџитлија, рече тој.

Николоски посочи дека штом ја презел функцијата се соочил со документација која говори за скандалозно однесување на минатата власт.

Ние сме избрани да работиме, а не да се жалиме и даваме образложенија, но пред мене имам нешто и рачно пишувано, нешто со маркер , го имам и првиот документ кој што го добив кога станав министер, првата голема главоболка со која се соочив – Извештајот за состојбата, во каква состојба беше изградбата на овој експресен пат. Ќе ви кажам кратко, директно, работници немаше, активности немаше, не беа решени косините и фалеа некаде околу 13 милиони евра за да се исплати и да се доврши реализацијата на овој експресен пат. Изведувачот се спремаше за арбитража, првите чекори беа преземени. Работниците беа повлечени. Причината беше претходната Влада која година ипол не сакала да потпише два адендуми кои беа договорени заедно со европската делегација и не сакала да формира Комисија која што ќе ги спроведува. Новата Влада за само месец дена ја формираше Комисијата во јули, во август се работеше на содржината на овие два анекси и на 12-ти септември проблемите беа решени. Од тогаш до буквално Нова година се работеше тука, се заврши и честитам, истакна Николоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Русија заработила околу 3 милијарди евра даноци од компании од ЕУ
Следна Статија Неверојатна снимка од белградскиот аеродром, жена без билет и документи стигна во авион за Малта (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Активен е пожарот кај валандовско Грчиште, повредени двајца вработени на „Македонски шуми“

Во текот на вчерашниот ден на територијата на државата имало вкупно 20 пожари на отворен простор, од кои два сè…

July 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

ЗНМ: Препораки за политичарите и носителите на јавни функции за комуникација со медиумите во моменти на трагични настани

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) објави препораки за унапредување на комуникацијата на политичарите и носителите на јавни функции во…

March 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Очекувам проблемот со сметот да се реши за 72 часа откако Орце ќе победи во Скопје

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека смета оти проблемот со сметот во главниот град ќе има разврска, која што, како…

October 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Одбележана 17-годишнината од хеликоптерската несреќа во која загинаа единаесет припадници на Армијата

Со едноминутно молчење и полагање свежо цвеќе на спомен-обележјето во Катлановско Блаце, денеска 12 јануари, беше одбележана седумнаесет годишнината од…

January 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?