Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Ја пуштаме за сообраќај новата пруга Куманово – Бељаковце, ова е поттик за економски напредок на регионот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Николоски: Ја пуштаме за сообраќај новата пруга Куманово – Бељаковце, ова е поттик за економски напредок на регионот
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Ја пуштаме за сообраќај новата пруга Куманово – Бељаковце, ова е поттик за економски напредок на регионот

Објавено January 17, 2025 18:00
Сподели
Сподели

Само со посветенот и одговорност, за две недели можат да се пуштат во употреба три крупни капитални проекти. Денеска ја пуштаме пругата од Куманово до Бељаковце, пруга која ќе значи економски напредок на овој регион, ќе значи поврзување со соседите и подобрување на животот на граѓаните, истакна во своето обраќање вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на пуштање во употреба на новата пруга од Куманово до Бељаковце.

Во продолжение интегралното обраќање:

-Прекрасен ден да ја отвориме пругата од Куманово до Бељаковце, 31 километар кој се надевам дека ќе значат нов економски развој и напредок за целиот овој регион. Овој е еден од регионите кој што најмногу треба да ги развиваме во државата и регион кој дефинитивно заслужува поголем економски напредок. Како што кажа директорот на Железници Инфраструктура, беше голем предизвик да се заврши проектот навреме и еве проектот е завршен навреме.

Завршувањето покажува не само посветеност и одговорност, туку дека во Македонија можат да се реализираат и големи инфраструктууни проекти и оваа е само поттик да се продолжи понатаму и за втортата фаза, а секако и за реализација и за третата фаза за која што ќе ни треба заеднички договор со соседна Бугарија. И како што често кажувам, ова е за да се поврземе, а не да не се поврземе со Софија, бидејќи значењето на оваа пруга е доколку имаме целосно поврзување на коридорот 8.

Користењето на оваа пруга ќе значи многу на локалното население, ќе значи многу и за бизнисот, инсистираме карго сообраќајот да се развива и веќе зборувавме за одредени делови на карго сообраќајот на оваа пруга за да може полесно да се равива бизнисот. Би сакал лично да се заблагодарам на премиерот за подршката, не е мала работа три големи проекти да отворите за две недели.

Претседателе, Ви благодарам на подршката.

Да се заблагодарам на сите кои работеа на пругата, на изведувачот, на надзорот и сакам да споделам добра вест за граѓаните на Куманово. Тие знаат, но другите граѓани не знаат. Иако Куманово и Скопје се близу и се поврзани со железница помеѓу двата града сега нема воз. За две до три недели од денеска, со подршка на ЈП Железница Транспорт почнуваме редовна линија Скопје – Куманово која во одредени денови во неделата ќе доаѓа и до тука до Бељаковце.

Нека е со среќа, аирлија и за убави работи да се гледаме, истакна вицепремиерот Николоски .

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Околу 250.000 луѓе ќе присуствуваат на инаугурацијата на Трамп
Следна Статија Видео: Гори најголемото складиште на електрична енергија со батерии во светот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мечка се прошета низ село во Ранковце, но не смее да се убива, предупредија од ловното здружение

Мечка се појави во селото Петралица, општина Ранковце, во средината на денот. Оваа информација ја сподели ловното здружение „Славишко поле“…

November 14, 2024
МАКЕДОНИЈА

Пет пациенти кои се лекуваат надвор од Македонија во критична состојба

Педесет и пет пациенти и натаму се лекуваат во болниците од земјава, сите се во стабилна состојба, а од утре…

March 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Осми март го наполни Охрид со гости

Празничниот викенд го исполни Охрид со гости, пред се припаднички на понежниот пол од нашето соседство кои допатуваа за тука…

March 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за разрешувањето на Коцевски: Имаше доволно време да се покаже како бескомпромисен борец за правдата, за жал таа доверба не ја оправда

Јавниот обвинител Љупчо Коцвски имаше доволно време да се покаже како бескомпромисен борец за правдата, за жал таа доверба не…

February 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?