Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Невозможно е да се комуницира со Бугарија за отворените прашања, техничката влада нема легитимитет да преговара
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Николоски: Невозможно е да се комуницира со Бугарија за отворените прашања, техничката влада нема легитимитет да преговара
ПОЛИТИКА

Николоски: Невозможно е да се комуницира со Бугарија за отворените прашања, техничката влада нема легитимитет да преговара

Објавено November 26, 2024 22:50
Сподели
Сподели

Македонија ги промовира своите позиции – уставни измени со одложено дејство пред земји кои се главни играчи на европската политичка сцена и тоа е многу важно за нас, истакна заменик претседателот на владата и министер за транспорт Александар Николоски, во интервјуто во Дневникот на ТВ Сител.

Како што нагласи министерот, поважно е Македонија да ги одбрани своите аргументи пред клучните земји од Западна Европа, додека преговорите со Бугарија се невозможни во услови кога во земјата има влада која нема легимитет да преговара, бидејќи не е избрана од народот.

-По мене поважен е квалитетот на држави отколку бројката. За мене најзначајна средба е средбата на премиерот Христијан Мицкоски со претседателот на Франција Емануел Макрон, од причина што Франција е играч број еден во ЕУ, а Макрон е лидер во ЕУ со најголем легитимитет, чиста победа на претседателските избори и влада со која соработува. Германија допрва влегува во избори и таму ќе има промени, така што ако успееме добро да сработиме со Фрација и со неколку други земји од Западна Европа, мислам дека нашите аргументи лесно ќе бидат примени. Ако ЕУ сака да почне преговори, Македонија ќе почне преговори затоа што ние немаме проблем со најсилната земја членка на ЕУ, туку со втората најслаба земја во ЕУ- рече вицепремиерот Николоски и додаде:

“За жал Бугарија седум изборни циклуси не може да избере Влада и како што стојат сега работите веројатнo ќе одат и на нови осми избори во март следната година и тоа прави невозможо да се има солидна комуникација. Во моментов таму има техничка влада, тие се луѓе кои што никој не ги избрал на избори. Јас еднаш реков дека се политички маргиналци, па ми се налутија, но тоа е реално бидејќи тие не излегле на избори. Многу е тешко од една стрaна да има влада со буквално двотретинско мнозинство во Парламентот со огромен изборен легитимитет, а од друга страна имате влада што не претставува никого. И во такви услови е многу тешко да се води било каква форма на дијалог бидејќи другата страна не може да превзме обврски. И Радев не може да преземе обврски бидејќи тој е претседател и без разлика колку е тој популарен, не може тие политики да ги испорача. Не е пријатно да имаме сосед кој четврта година по ред не може да избере Влада” истакна вицепремиерот Николоски во Дневникот на ТВ Сител.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Холандските компании ни дадоа просечна оценка за бизнис климата во земјава
Следна Статија Мицкоски на почетокот на третата фаза од инвестицијата на германскиот КОСТАЛ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Николов: Поднесената кривична пријава е политички притисок

Станува збор за политички притисок, оцени денеска росоманскиот градоначалник Стојан Николов, откако СВР Велес вчера информираше дека му е поднесена…

September 5, 2025
ПОЛИТИКА

Касами против Дехари: Дали ги омекна ставовите за Кичево откако Мицкоски го “искара“?

Билал Касами од ВЛЕН во интервју за Алсат ја коментираше реакција на премиерот Христијан Мицкоски во врска со неговата изјава…

October 29, 2025
ПОЛИТИКА

Шукова: Скопје не е експеримент, граѓаните не се тука за некој да проба уште еднаш

Кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ и Коалицијата, Каја Шукова попладнево изјави дека тие кои пред четири години ја…

September 27, 2025
ПОЛИТИКА

ДУИ сака да се реформира

 Демократската унија за интеграција (ДУИ) попладнево соопшти дека го отпочна сеопфатниот процес на реформи и ветинг во партијата, предводени од…

February 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?