Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Од Скопје до Прилеп ќе се патува за час и десет минути, до Битола за час ипол
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: Од Скопје до Прилеп ќе се патува за час и десет минути, до Битола за час ипол
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Од Скопје до Прилеп ќе се патува за час и десет минути, до Битола за час ипол

Објавено November 2, 2024 15:20
Сподели
Сподели

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николсоки заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, амбасадорката на САД Ангела Агелер, директорот на ЈП за државни патишта Коце Tрајановски, претставници од Владата, грaдоначалници од Пелагоснкиот регион, денеска извршија увид во изградбата на автопатот Прилеп – Битола.

Министерот Николоски истакна дека ова е ден за паметење бидејќи во рок од една недела се започнува изградба на два автопати во Македонија, меѓи кој и автопатот Прилеп-Битола со кои ќе се промени целосно сликата за Македонија.

Навистина ова е значаен ден за целиот Пелгониски регион. Многу значајна работа и за Прилеп, за Битола, за Могила, Новаци, Ресен Кривогаштани, ако сакате и за Охрид бидејќи ова е алтернативен пат и за Охрид. Но најважното е дека овој автопат води до два големи центри во Македонија, до Прилеп и до Битола, а тука води и до границата со Грција, до нашиот втор граничен премин со Грција, што значи целосно отворање и за туризмот и за економијата.

Ова значи заживување на економијата за целиот Пелагониски регион, добрите економски перформанси во овој регион дополнително се надградуваат, да се отвораат нови добро платени работни места и луѓето да ја видат својата иднина тука.

Можам со задоволство да кажам дека со завршувањето на овој автопат од Прилеп до Битола, како и со пуштењето во функција на експресниот пат од Градско до Прилеп кој што оди во три сексции и тоа од Градско до Дреново ќе биде готов до Нова година, Дреново до Фариш некаде март следната година и во текот на следната година и од Фариш до Прилеп, и кога ќе се заврши и овој автопат од некаде четириесетина километри, очекувам за три до три и пол години од денеска, од Скопје до Прилеп да се патува во едно пријатно патување од еден час и детсетина минути а до Битола еден час и триесет минути, што целосно ќе ја промени реалноста во регионот, во делот на економијата, во делот на комуникацијата и во делот на напредокот, потенцира Николоски и додава:

„Сакам да се заблагодарам на прмиерот Мицкоски затоа што на дневна основа ја следи реализацијата на овие проекти, лично е вклучен и помага на сите предизвици кои што ги имаме, на прекрасниот тим на ЈПДП кои се тука заедно со директорот Коце Трајановски, секако на компанијата Бехтел и Енка, на амбасадорката на САД кои што ни даваат несебична подршка и навистина мислам дека Македонија не видела во исто време да почнат да се градат два автопати во рок од една недела. А во брзо време ќе гледаме и завршени експресни патишта и автопати и железнички решенија.

Во однос на трасата, таа се движи паралелно или по линија на постојаниот магистрален пат Прилеп – Битола. Она што мислам дека е добро во делот на планирање и проектирање и да се заблагодарам на луѓето во министерството за транспорт и во ЈПДП, е што нема да има село кое што нема да биде поврзано со другата страна на автопатот без разлика на која страна е селото, бидејќи има голем број на потпатници и натпатници, а исто така имаме и 5 клучки кои имаме спојување во Прилеп, во Битола и на самиот коридор”.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски им порача на ДУИ да се подготват за одговорност
Следна Статија Мицкоски: Интензивно се работи на автопатот Прилеп-Битола, очекувам до 2027 година да биде завршен

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Една од најголемите градежни фирми во земјава не може да учествува на тендери, има судска забрана

Компанијата која има добиено десетици државни тендери и е една од најголемите градежни фирми во Македонија, „Стентон градба“ од Битола,…

October 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

Тони Јанковски во „Бизнис-клуб“: Инфраструктурата е крвотокот на државата, а практичната обука темел за создавање стручен кадар

Во најновото издание на поткастот „Бизнис-клуб“ со Бранко Азески гостин е м-р Тони Јанковски, директор за развој на производи и…

November 13, 2025
ЕКОНОМИЈА

Филипче: Македонија е на дното во регионот најниски плати, највисока инфлација, најслаб економски раст

На денешната прес-конференција претседателот на СДСМ Венко Филипче истакна дека економијата на државата е во драматичен пад и дека Македонија…

November 13, 2025
ЕКОНОМИЈА

Кај една третина од контролирани субјекти УЈП утврди неправилности со фискализација

Управата за јавни приходи ја информира јавноста дека согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања (ЗРГП), во текот на месец…

July 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?