Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Останувам на ветувањето дека автопатот Охрид – Кичево целосно ќе го изградиме до крај на 2026
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: Останувам на ветувањето дека автопатот Охрид – Кичево целосно ќе го изградиме до крај на 2026
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Останувам на ветувањето дека автопатот Охрид – Кичево целосно ќе го изградиме до крај на 2026

Објавено November 26, 2024 22:08
Сподели
Сподели

За автопатот Охрид – Кичево во минатото најмногу се коментирало и најмногу се лажело. Но јас цврсто стојам на моето ветување дека до почетокот на летната сезона ќе го пуштиме во употреба од село Врбјани до Охрид, а до крај на 2026 година целосно ќе го изградиме, истакна вечерва вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски во гостување ТВ Сител.

Тој оцени дека „автопатот Охрид – Кичево е симбол на работењето на оваа влада и ќе е симбол за неспособноста на претходни влади“.

– Со апсолутна убеденост ќе го повторам тоа што веќе го кажав, а тоа е дека од селото Врбјани до Охрид со еден мал исклучок кај Ботун, бидејќи таму има лизгање на земјиштето, ќе имаме цело автопатско решение пред почетокот на летната сезона, рече Николоски.

Тој дополи дека паралелно кај селото Ботун од денеска е започната рехабилитација на постојниот пат за да и тоа биде пријатно возење, а во следниот период ќе почне целосна рехабилитација на планинскиот превој Пресека затоа што тој ќе се користи до крај на 2026 година.

– Додека во однос на вториот дел од автопатот од Врбјани па се до над Кичево, ќе биде завршен до крајот на 2026 година и стојам позади тие ветувања, рече Николоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нејмар сака во Реал Мадрид
Следна Статија Холандските компании ни дадоа просечна оценка за бизнис климата во земјава

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Европската инвестициска банка отвора претставништво во Скопје

Владата на Македонија и Европската инвестициска банка (ЕИБ) денеска потпишаа Спогодба за отворање на претставништво на ЕИБ во Скопје. Овој…

November 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

Трамп ѝ дава победа на Илон Маск против долгогодишен непријател

Претседателот Доналд Трамп нареди преглед на два големи советодавни претставници на полномошници - компании кои им советуваат на акционерите за…

December 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

Нови германски инвестиции и очекување растот на БДП да надмине три отсто, најави Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски најави нови германски инвестиции, а најголемата, како што истакна, ќе биде ветерен парк кај Куманово, Ранковце, Крива…

October 18, 2024
ЕКОНОМИЈА

Трендафилов: Македонските работници имаат мизерни плати, а се продуктивни многу повеќе од што се платени

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, синоќа со остра реакција на социјалните мрежи обвини дека се…

October 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?