Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Оваа година Македонија ќе биде број еден со економски раст во регионот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: Оваа година Македонија ќе биде број еден со економски раст во регионот
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Оваа година Македонија ќе биде број еден со економски раст во регионот

Објавено January 23, 2025 09:49
Сподели
Сподели

Македонија во 2025 година ќе биде број еден со економски раст во регионот, тоа се должи на добрите економски политики што ги води Владата, а тие се во корелација со политиките што ги преземаме за сузбивање на корупцијата и криминалот, истакна вицепремиерот и мнистер за транспорт Александар Николоски во синоќешното гостување на ТВ Алфа.

Тој додаде едка македонската дијаспора има големо влијание врз домашната економија, истакнувајќи дека сите заинтересирани се добродојдени да инвестираат со цел да и помогнат на државата.

Како потпретседател на Владата, ги знам економските текови и ние со ова производство и овие даноци кои што ги имаме дома, не можеме да направиме некој квантен скок во развојот и не можеме да направиме некои гигантски чекори, затоа што немаме доволно финансии. Единствениот начин да ги обезбедиме тие финансии е да соработуваме со големи групации, да имаме со нив добри односи и на тој начин да ја градиме соработката, затоа што голем прилив на свеж капитал ние не можеме да генерираме од домашното стопанство. Но, прилив на свеж капитал ќе значи заживување на домашното стопанство – истакна Николоски.

Врз растот на економијата, потенцираше вицепремиерот, огромно влијание има и борбата против корупцијата, процес кој веќе успешно се спроведува со смена на власта, додаде тој.

Ова е прва Влада која што еве седум месеци нема ниту една корупциска афера, што не е мала работа, а имуноста на корупција ќе ги носи добрите економски резултати, затоа што бизнисот сака средина која што не е корумпирана, а во таа насока тоа треба да биде следено со активност на судството и обвинителството, каде што претходните корумпирани ќе одговараат. Се надевам ќе бидат многу поактивни од тоа што се сега – истакна Николоски кој порача дека одговорност мора да има и не смее повеќе да има неказнивост во Македонија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Никола Тесла тврдел храната што ја внесуваме влијае на менталните способности
Следна Статија Тројца повредени во верижниот судар синоќа на Скопската обиколница кај Смилковското езеро

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Од полноќ нови цени на горивата: Дизелот се намалува за 1,5 а бензините за 1 денар

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со…

January 27, 2025
ЕКОНОМИЈА

Македонија2025 доделува 20 стипендии за петтиот Охрид камп за високо-технолошка извонредност

Македонија2025 информира дека е отворен повик за доделување на 20 стипендии за петтиот по ред Охрид камп за високотехнолошка извонредност,…

February 4, 2025
ЕКОНОМИЈА

До Нова година ќе се пуштат експресните патишта Прилеп-Градско и Ранковце-Крива Паланка

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска на прес-конференција соопшти дека до Нова година ќе бидат ставени…

October 3, 2024

Промените во Венецуела не влијаат врз прогнозите за цените на нафтата

Analitičarите на Morningstar остануваат постојани во своите проекции за нафтениот пазар, независно од политичките промени во Венецуела

January 7, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?