Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Пруга кон Бугарија ќе има кога ќе се договориме дека заеднички ќе ја завршиме
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: Пруга кон Бугарија ќе има кога ќе се договориме дека заеднички ќе ја завршиме
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Пруга кон Бугарија ќе има кога ќе се договориме дека заеднички ќе ја завршиме

Објавено October 25, 2024 15:40
Сподели
Сподели

Министерот за транспорт, Александар Николоски изјави дека е започнат дијалог со Бугарија за изградба на пругата која е дел од Коридор 8. Тој рече дека Бугарија ги прифатила нашите аргументи и се очекува втор дијалог на 31 октомври.

– Имајќи предвид дека Бугарија конечно ги прифати нашите аргументи, имаше еден дијалог во Брисел со претставници од двете страни, вториот дијалог ќе биде на 31 октомври во Софија, доколку има потреба од трет ќе се сретнеме во Скопје, ние сме отворени да најдеме заедничко решение, рече министерот одговарајќи на новинарско прашање по денешната прес-конференција на која претстави шест нови авио дестинации.

Николоски посочи дека пругата има смисла само доколку се изгради на двете страни.

– Тоа што го кажував со месеци знам дека на почетокот беше непопуларно но го потврди Бугарската министерка за транспорт која кажа дека немаат проект и би го завршиле до 2026 а би го изградиле до 2030 година. Јас кога кажував дека во тој тендер што го поништив пишуваше дека проектот треба да се заврши за четири години, прашував што ќе правиме, затоа што ако ние го потпишевме тендерот во октомври 2024, требаше да се заврши октомври 2028, а сама Бугарија вели дека ќе работи до 2030 година, појасни министерот.

Потенцираше дека пруга со Бугарија ќе има, како што рече „во оној момент кога ние и Бугарија ќе се договориме дека заеднички ќе ја завршиме пругата, затоа што поентата е Скопје и Софија да се спојат и цената да биде ревидирана“.

– Не може ние да платиме 560 милиони евра за 24 километри пруга. Не може. Недозволиво е, прескапо е, никаде во светот го нема тоа. Брза пруга се гради за 10-12 милиони евра по километар,, тука пруга со 60-80 км на час, спора пруга, 24 милиони евра, недозволиво е толкава да е разликата, каков сака нека е теренот, дополни тој.

На средбата во Брисел, претставници од Македонија и Бугарија се согласија заеднички да го пробијат тунелот на Коридорот 8 што претставува клучен услов за реализација на проектот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кривична пријава за полицаец од станица за технички преглед во Сарај
Следна Статија Трговците се алчни, прво во септември ги зголемија, па ги намалија цените во октомври и пак останаа со ист профит

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Во вториот квартал би требало да имаме висок раст на БДП, очекува Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски очекува според последните индикатори во економијата во вториот квартал да има висок раст на домашниот БДП. Сите…

June 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

ДДВ за станови останува 5% до крајот на 2028 година

Добра вест за сите што планираат да го решат станбеното прашање. Собранието денеска ја усвојува измената на Законот за данокот…

December 26, 2025
ЕКОНОМИЈА

Министерството за енергетика покрена 17 постапки за наплата на долгови од 32,8 милиони денари

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини воспостави системски пристап за заштита на државата во сите судски постапки и за…

October 2, 2025
ЕКОНОМИЈА

Министерството за финансии денеска или најдоцна утре ќе пушти писма до банките за финансирање на брзата пруга од Коридорот 10

Министерството за финансии денеска или најдоцна до крајот на утрешниот ден ќе пушти писма до банките кои би доставиле понуди…

June 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?