Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Три големи инфраструктурни проекти пуштаме во употреба за неколку недели
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: Три големи инфраструктурни проекти пуштаме во употреба за неколку недели
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Три големи инфраструктурни проекти пуштаме во употреба за неколку недели

Објавено January 5, 2025 23:15
Сподели
Сподели

За неколку недели пуштаме во употреба три големи капитални проекти. Првиот веќе го пуштивме во употреба, а тоа експресниот пат Куманово – Страцин – Крива Паланка. Вториот е експресниот пат Градско -Дреново дел од коридор 10 д и третиот е проектот кој се најавува уште кога бев дете, а сега прв пат има реализација а тоа се првите 40-тина километри од пругата кон Бугарија, потегот од Куманово до Бељаковце, истакна вицепремиерот Николоски во гостувњето во Дневникот на ТВ Сител.

-Јас не се сеќавам во Македонија за неколку недели да се отворат три крупни капитални проекти, што мислам дека е добро и за целокупната енергија во државата. Гледам многу позитивни коментари после настанот вчера, народот сака добри вести, сакаат реализирани проекти, сакаат да видат дека може нешто да се заврши. Кога бевме избрани се соочивме со проекти кои немаа јасен проектен менаџмент или беа заглавени го огромни проблеми. Сега тоа се е сменето. Реков Грдско – Дреново ќе го пуштиме во сообраќај. Почнавме да го градиме автопатот Прилеп -Битола што значи дека и тој дел ќе биде квалитетно поврзан. Од другата страна на коридор 8 веќе имаме автопат Скопје-Тетово, можам да најавам дека овој месец започнуваме со изградба на автопат Тетово-Гостивар бидејќи ова што сега го имаме не е автопат. Гостивар -Букојчани веќе се работи на популарната Стража, Букојќани -Кичево веќе имаме тендерирање и Кичево -Охрид интензивно се работи, што значи дека заедно со експресниот пат што сега го пуштивме некаде во 2028 година од Охрид до Крива Паланка ќе има или автопат или експресен пат што ќе значи целосен реализиран коридор 8 и ние ќе сме единствена држава која на мапата на коридор 8 ќе имаме целосна врска затоа што тоа е наша стартешка предност, истакна вицепремиерот Николоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Всeленски бродови: Погледнете на какви стадиони ќе се игра Светското првенство во Саудиска Арабија
Следна Статија Птичји грип во Валона, десетици угинати птици!?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Процедурата за распределување на парите од унгарскиот кредит до крајот на месецов, заинтересирани голем број компании

Целата процедура околу средствата од унгарскиот кредит наменети за компаниите, според најавите на надлежните, треба да заврши до крајот на…

January 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Трипуновски: Со добра стратегија производството на тутун се зголеми, тоа ќе се случи и со лозарството и пченицата

За да го мериме успехот на Владата мораме да почекаме да помине една производна година и да ги споредиме производствените…

March 6, 2025
ЕКОНОМИЈА

Нов раст на цените во САД

Инфлацијата во САД  се забрза во септември, со забележително помал пад на цените на бензинот, покажа извештајот на Министерството за…

October 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Цената на златото може да достигне 5000 долари

Цената на златото би можела да достигне речиси 5.000 долари за унца доколку нападите на Доналд Трамп врз независноста на…

September 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?