Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: За десетина дена пуштивме во сообраќај 42 километри нови експресни патишта
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: За десетина дена пуштивме во сообраќај 42 километри нови експресни патишта
ЕКОНОМИЈА

Николоски: За десетина дена пуштивме во сообраќај 42 километри нови експресни патишта

Објавено January 16, 2025 22:40
Сподели
Сподели

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, во вечерашното гостување во вестите на “Канал 5”, потенцираше дека во рекорден рок и успешно се завршени два експресни патишта Куманово-Страцин-Крива Паланка и делницата Градско-Дреново, што претставува доказ за посветеноста и работењето на Владата и создавањето на нова квалитетна патна мрежа.

Тој исто така потенцираше и за бројните проблеми кои како министер ги наследи во реализацијата на овие два капитални проекти.

-Во рок од десет дена пуштивме 42 километри експресни патишта, нешто што досега не е видено во Македонија. На делницата Куманово-Страцин-Крива Паланка, од вкупно 25 км на 16,5 км немаше воопшто асфалт, проектот беше во фаза на замрзнување, еден од изведувачите беше заминат од државата, воопшто немаше работници на терен, а повлечен беше и надзорот на проектот. Успеавме да ги вратиме изведувачот и надзорот и прв пат во Македонија видовме работа во зимски услови или работа на ниски температури и работа на дожд. Практично работевме речиси 24 часа и на тој начин успеавме да го завршиме патот и мислам дека ова е прв проект во Македонија што е завршен во предвидениот рок.

Во однос на Градско -Дреново, ситуацијата беше уште полоша. Јас на отворањето покажав еден документ, тоа беше еден документ кој прв го добив кога станав министер. Таму ситуацијата беше очајна, недостасуваа 13 милиони евра за да се доврши проектот. Косините воопшто не беа решени, имаше опасност да се спуштат две планини на трасата и изведувачот се спремаше за арбитража. Веќе имаше постапка со цел Македонија да оди на арбитража, значи ем да изгубиме арбитража ем да немаме пат затоа што година и половина претходната Влада не сакала да потпише два адендуми со ЕУ, Адендум 3 и 4 би ги решиле овие прашања, не ја формирале потребната Комисија. Ние ја формиравме Комисијата, за дваесетина дена тие почнаа да работат во месец август и веќе на 12 септември имавме потпишано се и ги обезбедивме овие средства. Затоа и амбасадорот кажа дека има национално кофинанисрање тие се тие средства. Таму рокот беше 31 јануари што значи дка завршивме некои петнаесетина дена порано, така што тоа беа проблемите. Јас сум тука да ги решавам проблемите, а не да се правдам или ако се правдам ќе бидам како сите претходни. Македонија со години, со децении нема завршено еден голем проекти и нема видено завршување на голем проект. Најлесно е да ги обвинувате претходнииците, најлесно е да ги раскинувате договорите и да одите по арбитражи, тешко е да се работи. Ние работиме и еве резултатите доаѓаат, истакна вицепремиерот Николоски

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Данската премиерка и Трамп разговарале 45 минути за Гренланд- му порачала дека не е на продажба
Следна Статија На 79 години почина познатиот режисер Дејвид Линч

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Над 50 работници од конфекција останаа без работа и плата – сопствениците исчезнале додека биле на колективен

Повеќе од 50 работници од штипска конфекција денеска останаа пред заклучени врати, наместо да се вратат на работните места по…

August 18, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ќе се стопира покачувањето на платите во АЕК, потпишано од претходното раководство

Новиот Управен одбор на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) ќе ја стопира одлуката за покачување на расходите за бруто плати…

November 28, 2024
ЕКОНОМИЈА

Намален прометот во индустријата во јануари

Прометот во индустријата, вкупно, е намален за 9,4 проценти во јануари годинава на годишно ниво, а на месечно за 13,9…

March 18, 2026
ЕКОНОМИЈА

Поскапува мазутот, цените на бензините и на дизелот не се менуваат

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС од полноќ се зголемува за 1,254 денари и еден килограм ќе чини 44,034 денари,…

October 10, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?