Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нова трагедија во Србија: Шест загинати и седуммина повредени во пожар во дом за стари лица во Белград (ВИДЕО)
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Нова трагедија во Србија: Шест загинати и седуммина повредени во пожар во дом за стари лица во Белград (ВИДЕО)
БАЛКАН

Нова трагедија во Србија: Шест загинати и седуммина повредени во пожар во дом за стари лица во Белград (ВИДЕО)

Објавено January 20, 2025 08:24
Сподели
Сподели

Шест лица загинаа, а неколку се повредени во пожар што утринава околу 4 часот и 30 минути избувна во дом за стари лица во Велики Борак, во белградската општина Бараево, јави РТС. Пожарот е изгаснат, а во гаснењето учествувале голем број пожарникари и противпожарни возила.

Др. Виолета Николиќ од Итната медицинска помош за РТС изјави дека добиле повик од пожарникари за избувнување на пожар во дом за стари лица во Велики Борак, Бараево.

Таа изјави дека четворица повредени се пренесени на токсиколошкиот оддел на ВМА, додека на две лица им е укажана помош во Ургентниот центар. На интервенција се упатени четири екипи од Итната медицинска помош, уште две дополнителни екипи од Лазаревац и една од Бараево.

Вршителот на должноста помошник министер и раководител на Секторот за вонредни ситуации, Лука Чаушиќ за РТС изјави дека се претпоставува дека во моментот на пожарот во објектот имало 30 корисници. Како што наведе, Брзата помош укажала на седум повредени и ги пренела во ВМА и Ургентниот центар.

Според него, по пријава во 3 часот и 32 минути, единиците на Секторот за вонредни состојби веднаш биле испратени на местото на настанот, каде што го пронашле пожарот во пламен.

„Во моментов се уште проверуваме дали има преостанати извори на пожар што би можеле да предизвикаат негово ширење, додека причината ќе се утврди во наредните часови“, рече Чаушиќ.

Тој додаде дека домот за стари лица се наоѓа далеку од фреквентни патишта, но противпожарните екипи брзо пристигнале, а на повредените им била укажана помош во рекордно време. Ова е голема трагедија, но можеше да биде и многу поголема“, заклучи Чаушиќ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во Америка сѐ е бизнис: Вртоглаво расте цената на криптовалутата на Трамп
Следна Статија Околу 70 милиони Американци предупредени за невреме: инаугурацијата на Трамп преместена во Капитол

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Грците и оваа година ќе добијат „Божиќна кошничка“ и „Кошничка на Дедо Мраз“

Традиционалните кошнички за празниците што во изминатите години се воведуваат во грчките маркети и продавници и вклучуваат сезонски производи, нема…

December 10, 2024
БАЛКАН

ЕК за концертот на Томсон: Го осудуваме секој израз на фашизам, членките на ЕУ да го казнат говорот на омраза

Европската комисија по повод неодамна одржаниот концерт на Марко Перковиќ Томсон, познат по истакнувањето на усташка симболика во своите песни…

July 8, 2025
БАЛКАН

Силен земјотрес во Грција

Силен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала го погоди Крит, јавува Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Земјотресот е регистриран…

October 19, 2024
БАЛКАН

Бенадикшон прогласува затворање по 13 години во Фресно

Беше полн простор во сабота наутро, додека жителите на Фресно се подготвуваа да се збогуваат со појадок со традиција.

January 12, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?