Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нутриционисти ги откриваат петте најздрави јаткасти плодови
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Нутриционисти ги откриваат петте најздрави јаткасти плодови
ЗДРАВЈЕ

Нутриционисти ги откриваат петте најздрави јаткасти плодови

Објавено November 7, 2024 10:37
Сподели
Сподели

Јаткастите плодови се неизоставен дел од здравата исхрана. Имајќи го предвид нивниот фантастичен вкус, воошто не нè чуди фактот што многумина уживаат во овие намирници.

Тие се одлични како ужина меѓу оброците, како грицки за на работа или како додатоци во разни јадења. Знаејќи го фактот дека се многу здрави, често луѓето се прашуваат кои јаткасти плодови се најдобри за консумирање. Сајтот Mind Body Green, во соработка со нутриционисти направи ранг листа на најздравите јаткасти плодови. Еве како таа изгледа:

Ф’стаци

Ф’стаците се најдоа на првото место на ранг листата поради тоа што се одличен извор на протеини, влакна и здрави маснотии. Нутриционистката Керолин Браун ги нарекува овие плодови “activity food” (храна за активност) бидејќи ф’стаците се продаваат во лушпа, а за да уживаме во нив, треба да ги лупиме. Керолин вели дека оваа “активност” е одлично средство против емоционалното прејадување.

Ореви

Во народната медицина, оревите се сметаат за одлична храна која го чува здравјето на мозокот, бидејќи со својот облик тие потсетуваат на мозок. Нутриционистите се сложуваат со овој интуитивен факт, бидејќи оревите содржат есенцијални омега-3 масни киселини, кои играат важна улога во физиологијата на мозокот. Покрај тоа, тие штитат од срцеви болести и ги намалуваат воспаленијата во организмот, вели нутриционистката Алана Волдрон.

Бразилски ореви

Бразилските ореви се на високото трето место бидејќи се богати со селен, минерал со моќни антиоксидантни својства. “Консумирајте бразилски ореви секогаш кога сте загрижени за своето репродуктивно здравје или доколку имате проблеми со тироидната жлезда” – вели нутриционистката Џесика Кординг.

Индиски ореви

Нутриционистите ги препорачуваат овие јаткасти плодови поради изобилството на бакар и магнезиум. “Бакарот е важен за правилното искористување на железото во организмот, а магнезиумот помага во регулација на мускулните и нервните функции, а го контролира и нивото на шеќер во крвта”, вели Алана. Нивната употреба е разновидна – тие се одлични за правење на млеко, можат да се користат како кремаст сос, сирење итн.

Бадеми

Бадемите се познати по својата висока концентрација на витаминот Е, кој е важен за здрава и блескава кожа. Освен тоа, витаминот Е игра важна улога во имунолошкиот систем и го штити организмот од штетните материи. Бадемите содржат магнезиум, калциум и фолат, како и незаситени масни киселини кои ги намалуваат воспалителните процеси и го намалуваат ризикот од срцеви заболувања. Консумирајте ги сирови или печени, во форма на масло, брашно, млеко или едноставно крупни насецкани во салата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Редица пред салата „Борис Трајковски“ во Скопје за подигнување на ваучерите за инвертери
Следна Статија Втор ден по ред биткоинот на рекордно високо ниво

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Чекор кон развој на современа реконструктивна микрохирургија: Извршени две сложени микрохируршки операции

На Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија се извршени две исклучително сложени микрохируршки операции кои траеја од 6 до…

December 23, 2025
ЗДРАВЈЕ

Годишно во Македонија има по 5.000 мозочни удари, најмладиот има само 15 години

Околу 5.000 нови случаи со мозочен удар годишно има во државава и спаѓаме во земји со средна инциденца и преваленца,…

October 28, 2025
ЗДРАВЈЕ

Светскиот ден на ментално здравје: Младите се поосвестени и знаат да препознаат кога не им е добрo

Подигнување на свеста за менталното здравје, односно да се доближиме до народот. Тоа е причината зошто сме на отворено, а…

October 10, 2025
ЗДРАВЈЕ

Детската клиника доби нов мобилен рентген апарат од Јапонската амбасада

Јапонската амбасада донираше мобилен рентген апарат на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје. Јапонската амбасадорка Сецуко Кавахара денеска појасни…

August 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?