Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Oбвинителството на БИХ ја прекина истрагата против Додик
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Oбвинителството на БИХ ја прекина истрагата против Додик
БАЛКАН

Oбвинителството на БИХ ја прекина истрагата против Додик

Објавено November 4, 2025 15:53
Сподели
Сподели

Обвинителството на Босна и Херцеговина (БиХ) ја прекина истрагата за напад врз уставниот поредок против поранешниот претседател на Република Српска  Милорад Додик, претседателот на Народното собрание, Ненад Стевандиќ, и поранешниот премиер, Радован Вишковиќ, објавија сараевските медиуми и Радио-телевизијата на РС-  РТРС, наведувајќи дека оваа информација неофицијално им е потврдена од Обвинителството на БиХ.

Истрагата против нив беше отворена во декември минатата година, поради основано сомнение дека сториле кривично дело „напад врз уставниот поредок на Босна и Херцеговина“, со донесување закони во Народното собрание на Република Босна и Херцеговина со кои, на територијата на тој ентитет на БиХ, се забранува работата на Судот и Обвинителството на БиХ, Државната агенција за истраги и заштита (СИПА), како и Високиот судски и обвинителски совет на БиХ (ВСО).

predsjednikrs.rs

Уставниот суд на Босна и Херцеговина ги поништи сите овие закони, а потоа Народното собрание на РС ги повлече како дел од таканаречениот план за „деескалација на кризата“ во БиХ, што владата на РС го договори со американската администрација.

Резултатот од одлуката на Народното собрание да ги повлече овие закони, како и законите за неизвршување на одлуките на Уставниот суд на Босна и Херцеговина и на Високиот претставник на меѓународната заедница на територијата на РС, поради кои Додик беше законски осуден пред Судот на Босна и Херцеговина, е укинување на американските санкции против Милорад Додик, членовите на неговото семејство, најблиските соработници и блиските компании

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На 84 години почина Дик Чејни, најмоќниот потпретседател во модерната историја на САД
Следна Статија Тројца млади скопјани излетале со возило кај Страцин

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Џамбаски: Отпаднаа сите текстови во кои стоеше „македонски јазик и идентетитет“

Познатиот антимакедонец Ангел Џамбаски на Фејсбук објави дека во конечната верзија на извештајот за напредокот на Македонија отпаднале сите тектови…

July 9, 2025
БАЛКАН

Петмина туристи се интубирани поради грешка на грчки бармен- им ставил детергент во пијалокот

Двајца британски туристи се хоспитализирани откако шанкерка во Грција наместо алкохол им послужил производ за чистење. Тие се меѓу петте…

October 11, 2024
БАЛКАН

Цените на становите во Белград скокнаа до 167 проценти, нема квадратен метар под 1.000 евра

Минималните цени по квадратен метар на становите во Белград забележаа драстичен скок во првиот квартал од 2025 година, според податоците…

July 26, 2025
БАЛКАН

Кристофер Хил: Наоѓалиштата на литиум се вистинска можност за Србија, но за нив треба да одлучи српскиот народ

Американскиот амбасадор во Белград, Кристофер Хил, порача дека за судбината на наоѓалиштата на литиум во Србија треба да одлучи српскиот…

October 19, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?