Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Oва е новата Мазда од иднината
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Oва е новата Мазда од иднината
Blog

Oва е новата Мазда од иднината

Објавено July 11, 2025 17:03
Сподели
Сподели

Мазда го претстави сосема новиот CX-5 за 2026 година, обемно освежувајќи го својот најпродаван џип за прв пат по речиси 10 години. Иако поновите понуди како што се CX-60 и CX-70 во последно време украдоа малку популарност, CX-5 е најпродаваниот модел на Мазда. 

CX-5 од 2026 година не изгледа многу различно од стариот на прв поглед, но е сосема нов од темел. Овој модел е подолг и со тоа се доближува до големината на конкуренти како Honda CR-V и Nissan Rogue. Со издолжувањето се добиваат поголеми врати и повеќе простор за удобно влегување и излегување, зголемен товарен простор и повеќе простор за задните седишта, што беа недостатоци кај стариот модел.

Надворешноста се одликува со обновениот дизајн Kodo на Mazda со поаголен преден дел, нови фарови и поагресивна решетка. На задниот дел има додадена значка „MAZDA“ низ багажникот и потенки задни светла како кај CX-60. Повисоките нивоа на опременост ќе имаат 19-инчни тркала.

Под хаубата, CX-5 од 2026 година сè уште ќе го користи истиот 2,5-литарски четирицилиндричен мотор кој произведува 187 коњски сили. Доаѓа опремен со шестстепен автоматски менувач и стандарден погон на сите тркала. Во 2027 година ќе биде воведен и хибриден модел кој ќе го користи својот Skyactiv-Z мотор, нова конфигурација која нуди подобри перформанси и економичност од сегашниот Skyactiv-G.

Внатре, теренецот добива значително технолошко надградување. Во неговиот центар се наоѓа гигантски 15,6-инчен екран на допир, најголемиот досега на Mazda. Доаѓа со нов интерфејс со вграден Google, кој се состои од Google Maps и Google Assistant, но исто така може да се користи и со Apple CarPlay и Android Auto. За овој модел, Mazda направи и контроверзен потег со тоа што ги елиминираше физичките копчиња од контролната табла и централната конзола. Сè сега тече преку екранот на допир или копчињата на воланот. Зголемената должина го зголеми и багажниот простор на 583 литри, надградба од претходниот модел кој имаше 522 литри.

CX-5 ќе доаѓа и со новиот Напреден систем за помош на возачот на Mazda кој вклучува монитор за поглед 360 степени околу возилото, интелигентна помош при сопирање, систем за надзор на мртва точка, радарски темпомат и поддршка “Crusing&Traffic” што обезбедува нежна помош при управување како автономно забрзување, сопирање и престројување кое се активира со трепкачот.

Цените сè уште не се објавени, но досегашниот модел започнува од околу 35.000 евра со дополнителни трошоци и се очекува за новиот модел да има мало зголемување на цената.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се огласи Димитров: Понекогаш срцето сака да продолжи, но универзумот има поинаков план за нас
Следна Статија Склучени договори со 18 приватни специјализанти во штипската болница, ќе се вработуваат и лекари, сестри и фармацевти

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Овие четири европски земји имаат подобри плати од САД

Граѓаните на земјите-членки на ЕУ како што се Швајцарија, Исланд, Норвешка, Белгија, Германија, Финска, Ирска и Франција имаат повисоки приходи…

December 15, 2024
Blog

Девет од десет нови автомобили во Норвешка продадени во 2024-та биле целосно електрични

Девет од десет нови автомобили продадени во Норвешка минатата година биле целосно електрични, покажаа податоците за регистрација објавени во четвртокот,…

January 3, 2025
Blog

Фондацијата САСА со нови донации во образованието, културата и здравството

Во согласност со својата трајна определба за поддршка на заедницата, Рудник САСА, преку својата Фондација за одржлив развој, реализираше нов…

May 17, 2025
Blog

Димитровски: Не размислуваме за отворање кампови за вратени баратели на азил

Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, учествува на годишната Конференција за миграции во Виена посочи дека…

October 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?