Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Oд утре нови такси за туристите во Грција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Oд утре нови такси за туристите во Грција
БАЛКАН

Oд утре нови такси за туристите во Грција

Објавено July 20, 2025 18:13
Сподели
Сподели

Грчката влада воведува нова задолжителна такса за патниците на бродови за крстарење што ги посетуваат грчките пристаништа. Целта на оваа мерка е да се поддржи одржливиот туризам, да се подобри локалната инфраструктура и да се подобри искуството на посетителите.

Новото правило стапува на сила од 21 јули, а износите зависат од периодот на патување.

Таксите варираат во зависност од периодот и дестинацијата, а најскапо ќе биде пристанувањето во популарните пристаништа Миконос и Санторини.

Сезонска распределба на такси:
Во периодот од 21 јули до 30 септември, 20 евра по гостин по пристаниште за Миконос и Санторини, и 5 евра по гостин по пристаниште за сите други грчки пристаништа.
Од 1 октомври до 31 октомври и од 1 април до 31 мај, 12 евра по гостин по пристаниште за Миконос и Санторини, и 3 евра по гостин по пристаниште за сите други грчки пристаништа
Од 1 ноември 2025 година до 31 март, 4 евра по гостин по пристаниште за Миконос и Санторини и 1 евро по гостин по пристаниште за другите грчки пристаништа.
Овие промени се дел од стратегијата на грчките власти за регулирање на приливот на туристи и поддршка на инфраструктурата на популарните острови, кои бележат огромен број посетители во текот на сезоната.

Бродските компании и туристичките оператори се повикуваат да ги прилагодат своите патни планови и буџети во согласност со новите правила, додека патниците треба да бидат информирани за дополнителните трошоци при планирањето на патувањето во Грција.

Кога се наплаќа таксата?
Таксата се наплаќа само кога патникот го напушта бродот.

Доколку не се симнат од бродот – нема данок.

Се наплаќа само еднаш по пристаниште, дури и ако патникот се симнува неколку пати во текот на денот.

Во случај на ноќевање во пристаништето, таксата се плаќа само еднаш.

Начин на наплата на таксата
Патниците не може да ја платат оваа такса однапред.

Таксата автоматски се наплаќа на сметката на бродот кога гостинот ќе излезе од бродот.

Не е вклучена во цената на екскурзијата и се прикажува како посебна ставка на конечната фактура.

Нема ослободување од плаќање – сите гости, без оглед на возраста или попреченоста, плаќаат иста такса.

Доколку гостинот не се врати на бродот – тој не плаќа дополнително, бидејќи таксата не се наплаќа по ден.

Доколку има итна ситуација (на пр. одење во болница или враќање дома порано) – таксата се плаќа ако гостинот го напуштил бродот.

Доколку бродот доцни или се расипе, таксата останува иста – не зависи од временските услови.

Зголемени и таксите за престој во Грција
Кога станува збор за даноците за престој и еколошки даноци во Грција, тие беа воведени порано со идеја да се насочат овие пари како евентуална помош за луѓето кои изгубиле имот во пожари и поплави, но и за изградба на инфраструктура во оваа земја.

Овие такси се зголемени и кога станува збор за хотели – од две до 10 евра дневно, по една сместувачка единица, по соба, и тоа зависи од категоријата на хотелот. За најскапите хотели, со пет ѕвездички, оваа такса е 10 евра дневно за целата соба, а не по лице. За 10-дневен престој, таа е 100 евра. Но, ако знаеме дека просечната цена во тој хотел е околу 1.600 евра, тогаш не верувам дека оваа такса навистина ќе влијае многу на тоа некој да се откаже од патувањето.

Исто е и во хотелите со три ѕвездички каде што дневниот данок е до четири евра. Кога станува збор за станови, тоа е вообичаениот данок за домување и заштита на животната средина, кој до минатата година изнесуваше 50 центи по стан на ден.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мотоциклист ноќва загина на автопатот Табановце-Куманово
Следна Статија Нетанјаху се затру со храна и заврши во болница

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Прекини на интернет кај Spectrum корисниците во Охајо поради судир со столб

Некои корисници на Spectrum во североисточен Охајо доживуваат прекини на услугата по инцидент со снегочистач.

January 4, 2026
БАЛКАН

Словенија воведе задолжителен божиќен бонус за вработените во јавниот и во приватниот сектор од 639 евра

Заменик претседателот на Владата на Словенија, Матеј Арчон објави дека исплатата на божиќен бонус на сите вработени, и во јавниот…

October 17, 2025
БАЛКАН

(Видео) Грабеж на банка во Мостар, чуварот со голи раце тргнал кон вооружениот разбојник

Обид за вооружен грабеж се случил вчера во експозитура на банка во Мостар, јавуваат медиумите во регионот. Маскирано лице со…

February 7, 2025
БАЛКАН

Роналдињо до Вучиќ: Доаѓам на „Експо 2027“, се гледаме наскоро!

Поранешниот бразилски фудбалер Роналдињо му се заблагодари на претседателот на Србија, Александар Вучиќ за поканата да присуствува на специјализираната изложба…

April 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?