Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Oхрид преполн со туристи за Нова Година
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Oхрид преполн со туристи за Нова Година
МАКЕДОНИЈА

Oхрид преполн со туристи за Нова Година

Објавено December 31, 2025 14:15
Сподели
Сподели

Последните часови од старата 2025 година што изминува Охрид ги минува во знакот на завршните подготовки за што подобар пречек на гостите што тука ќе ја минат највеселата ноќ. Градот е свечено украсен, а центарот – Плоштадот и Кејот на Охридското Езеро – веќе се преполни со живот. Раздвиженоста расте од час во час, бидејќи бројни автомобили и автобуси пристигнуваат со гости кои решиле празничните денови да ги поминат токму тука…

Хотелите и сместувачките капацитети долж Охридската ривиера ја пречекуваат 2026 година со солидна пополнетост – дел се целосно распродадени уште однапред, додека други ги очекуваат последните гости во текот на денот. Најбројни се посетителите од соседните земји, кои традиционално го избираат Охрид поради неговиот автентичен амбиент и добро организираната забава. Очекувања има и од домашните гости, особено оние кои располагаат со сопствени станови и куќи, па затоа не се предвидува значително зголемување на заработката кај приватните издавачи на сместување.

За разлика од минатата година, оваа сезона е забележливо благо зголемување на цените на аранжманите и угостителските услуги. Хотелиерите и угостителите посочуваат дека тоа е резултат на повисоките трошоци за репроматеријали и прехранбени производи.

И во рестораните низ градот владее голем интерес – слободни места веќе и нема. Цените варираат од 45 до 100 евра во зависност од категоријата и локацијата на објектот. Некаде во цената се вклучени настапи на познати естрадни уметници и неограничени пијалаци, додека на други места се однесува само на свечена вечера со посебна наплата за пијалоците. Дел од локалите ќе работат и со „отворен влез“, без организиран дочек и со редовни цени.

Празнична атмосфера ќе има и во кафулињата, каде влезот со закуска изнесува околу 2.000 денари, а пијалоците се наплаќаат по редовен ценовник. Повеќето капацитети се веќе речиси исполнети, па затоа и оттаму препорачуваат резервација.

Традиционалниот дочек на отворено ќе се одржи на Градскиот плоштад, со богата музичка програма, настапи на локални уметници и новогодишен огномет. Забавата веќе започна со програма за најмладите, а вечерва кулминацијата ќе биде со настапите на Влатко Лозаноски, Ефто Пупиноски и Ѓоко Танески.

Охрид и оваа Нова година ќе ја дочека без снежна покривка. Отсуствува оној карактеристичен зимски амбиент, времето е студено, но сончево така што може денот да се искористи за прошетка по Стариот дел на градот, низ Чаршијата и Кејот. Временските прилики без врнежи значат проодност на патиштата, а тоа значи и поголем број гости на Охридската ривиера за Новогодишните празници

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ВМРО-ДПМНЕ: СДС лаже за политички прогон – Судиите и обвинителите во случајот „Сокол“ се кадар и мрежа на Заев
Следна Статија 85-годишен скопјанец остана без 5.000 евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Митева: Оперативниот план опфаќа и обуки за жени и млади до 29 години, во рок од 3 месеци со месечен надомест од 12.000 денари

Како што ветивме продолжуваме со серија прес-конференции коишто се посветени на Оперативниот план, затоа што цениме дека нашата држава не…

May 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Се одложи изборот на в.д државен јавен обвинител

Се одложи седницата на Советот за јавни обвинители на која требаше да биде назначен вршител на должност државен јавен обвинител…

December 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Ќе ги реконструираме граничните премини Дојран и Меџитлија, воведовме „one stop shop“ со Србија и Косово и работиме на брз проток на возила и патници на коридор 10

Коридорот 10 е коридор кој не може да биде заобиколен иако многумина сакаат да биде заобиколен. Јас од првиот ден…

January 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

32 градоначалници за ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг, СДСМ доби три

На вчерашните локални избори градоначалник во првиот круг е избран во 44 општини, покажуваат првичните неофицијални резултати од Државната изборна…

October 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?