Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Обвинителството ќе изведува докази: Продолжува судењето за убиството на Вања и Панче
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Обвинителството ќе изведува докази: Продолжува судењето за убиството на Вања и Панче
ХРОНИКА

Обвинителството ќе изведува докази: Продолжува судењето за убиството на Вања и Панче

Објавено November 13, 2024 09:15
Сподели
Сподели

Со изведување на докази од страна на Обвинителството во Основниот кривичен суд Скопје денеска во 10 часот треба да продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

На минатите рочишта сведочеа мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска, ќерката на Жежовски, Ана Киркова и нејзиниот сопруг, Тодор Кирков, како и повеќе лица вклучени во истрагата за двете убиства.

На првото одржано рочиште обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни.

Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Додека, грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено.

Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Шпанскиот тренер Раул Алонсо ќе го води Еурофарм Пелистер до јуни 2026 година
Следна Статија Роналдо: Разочаран сум од оние кои одбиваат да играат за Португалија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

(ВИДЕО) Маж и жена во Карпош дилале екстази и амфетамин

Две лица од Скопје се уапсени синоќа под сомнение за недозволена трговија со дрога, откако полицијата при претрес во стан…

December 13, 2025
ХРОНИКА

Судењето против поранешниот директор на Онкологија, Васев и тројца онколози одложено за 5 септември

Судскиот процес против четворица лекари онколози, меѓу кои и поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев за несовесно лекување…

July 11, 2025
ХРОНИКА

МВР со детали за тешката сообраќајна несреќа на влезот во Скопје

МВР објави детали за тешка сообраќајна незгода што се случи доцна синоќа на влезот во Скопје, кај Хиподром, кога се…

February 11, 2026
ХРОНИКА

IN MEMORIAM: Почина поранешниот јавен обвинител Воислав Гавровски

Почина Воислав Гавровски, поранешен јавен обвинител во републичкото Јавно обвинителство. Гавровски беше роден на 28.06.1951 година во Тетово, а на…

March 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?