Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Од еден ден, се прошири на седум: Во Хрватска нов бојкот на продавниците
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Од еден ден, се прошири на седум: Во Хрватска нов бојкот на продавниците
БАЛКАН

Од еден ден, се прошири на седум: Во Хрватска нов бојкот на продавниците

Објавено January 30, 2025 16:58
Сподели
Сподели

Хрватската потрошувачка платформа „Ало, инспектор“ која започна бојкот на продавниците, ги повика граѓаните од денеска да не купуваат одредени производи и да бојкотираат одредени трговски ланци во период од седум дена.

Тие дополнително повикаа на општ бојкот на продавниците утре, по примерот на оној што се случи минатата недела.

Се повикуваат граѓаните да не купуваат во три меѓународни трговски синџири – Лидл, Еуроспин и ДМ, како и да не купуваат газирани пијалоци, вода и детергенти во ниту една продавница од денеска наутро до среда навечер. Исто така, хрватските граѓани се повикуваат воопшто да не трошат в петок, а планирано е бојкотот да опфати платежни трансакции, угостителски услуги, сместување, превоз и достава, се вели во повикот.

За време на бојкотот на бензинските пумпи и другите малопродажни продавници минатиот петок граѓаните потрошиле нешто повеќе од 28,5 милиони евра, додека седум дена претходно, пред бојкотот, биле потрошени околу 60,5 милиони евра. Минатиот петок, поради масовниот бојкот на продавниците, бројот на сметки за малопродажба во Хрватска е намален за 44 отсто во однос на претходниот петок, додека сумата на сметките паднала за цели 53 отсто.

Вкупниот број на фактури (во сите индустриски гранки, не само трговијата) падна за 29 отсто, а износот на фактурите за 36 отсто.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ристовски: Нема да се субвенционираат екипите од трета лига во било кој спорт
Следна Статија Хамас ослободи осум израелски и тајландски заложници

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Детали за трагедијата: Ја сликале бомбата пред експлозијата- едно момче загина, девојка се бори за живот

Полицијата соопшти дека во 23.01 часот добила дојава дека во станбена зграда во Книн се случила експлозија на неидентификувана експлозивна…

November 24, 2024
БАЛКАН

Почина поранешниот премиер на Грција, Костас Симитис

Поранешниот грчки премиер Костас Симитис почина денеска на 89-годишна возраст, објави Ертњуз. Симитис беше еден од основачите на Пасок, социјалистичка…

January 5, 2025
БАЛКАН

Во Хрватска повик за еднодневен бојкот за купување во пекарите и пекарски производи поради високите цени

Платформата „Ало, инспекторе“, која со недели организира бојкот на продавниците, сега повикува на нов бојкот во Хрватска. Откако во вторникот…

February 12, 2025
БАЛКАН

Повеќе од 2.000 универзитетски професори во Србија ги поддржаа студентите кои протестираат

Повеќе од 2.000 универзитетски професори во Србија денеска со јавно писмо ги поддржаа студентите во нивните протести и барања, а…

January 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?