Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Од следната сезона ВАР и на македонските стадиони
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Од следната сезона ВАР и на македонските стадиони
СПОРТ

Од следната сезона ВАР и на македонските стадиони

Објавено January 29, 2025 16:46
Сподели
Сподели

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) преку веќе формираниот проектен тим за имплементација на ВАР системот започна со реализација на активностите поврзани со системот за помош на судиите преку видеотехнологија.

ВАР системот во македонската фудбалска лига (МФЛ) треба да започне да се употребува од почетокот на следната натпреварувачка сезона 2025/26. ФФМ веќе ги извести УЕФА и ФИФА за отпочнувањето на имплементациските активности

Лидерот на проектниот тим за имплементација на ВАР Дејан Јакимовски информира за динамиката на активностите.

-Одржавме првичен on-line состанок со ФИФА и веќе дефиниравме дел од важните постапки за имплементација на ВАР системот во МФЛ. Според првичниот план и динамиката на активности, планирано е да започнеме со употреба на видео-технологијата од следната натпреварувачка сезона. Прва МФЛ, Куп на Македонија (од 1/4 финална фаза), Куп на Македонија (финале – жени) и бараж натпревари за Прва МФЛ се натпреварувањата кои ќе бидат опфатени. Нашата намера е да имплементираме централизиран ВАР систем, посебна просторија во ФФМ, а во зависност од понудите на ВАР провајдерите ќе се започне со употреба на најмногу шест камери по натпревар.

Тоа што, исто така, е исклучително важно за нас е што започнавме со плановите за едукација на ВАР судии. На почеток на месец март во Скопје ќе организираме дводневна работилница на која ќе учестуваат експерти од ФИФА, нашиот проектен тим, судиската и натпреварувачката комисија во ФФМ и останати лица вклучени во проектот, истакна Јакимовски.

Исто така, во периодот кој следува ќе се почне со адаптирање на инфраструктурата на стадионите, односно создавање на минимум потребни за добивање лиценца, односно дозвола за одигрување на натпревари. Лиценцирањето на стадионите, централизираните ВАР соби и ВАР судиите го врши единствено ФИФА.

Во ВАР проектниот тим во Фудбалската федерација на Македонија се вклучени уште и Димитар Мечкаровски, Јосип Бартон, Горан Спиркоски и Никола Караколев.

Со имплементацијата на ВАР системот во МФЛ ќе се добие подобрување на правичноста и транспарентноста во носењето на судиските одлуки на натпреварите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Фото: Сакате попуст? Еве ви попуст!
Следна Статија Со 1,5 милион евра од ЕУ ќе се подобрува правната рамка за квалитетoт на воздухот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Вардар се врати на победите

Лидерот на табелата Вардар постигна победа од 1:0 на гостувањето кај Силекс во Кратово, додека Шкендија во Тетово одигра нерешено…

March 9, 2026
СПОРТ

Пирло му ги блокирал картичките на синот затоа што се обложувал

Италијанските медиуми последниве денови интензивно известуваат за обложувачки скандал во кој наводно се вмешани 12 сегашни и поранешни играчи во…

April 16, 2025
СПОРТ

Ѓоковиќ убедлив против Британецот Еванс

Седумкратниот шампион на Вимблдон Новак Ѓоковиќ на убедлив начин стигна до победа во мечот од второто коло на Вимблдон против…

July 3, 2025
СПОРТ

(Видео) Спектакуларен пресврт на Челзи против Тотенхем

Фудбалерите на Челзи го победија Тотенхем со 4:3 во натпреварот од 15. коло на Премиер лигата. Лондонското дерби помеѓу Тотенхем…

December 9, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?