Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Одземен пасошот на Рамиз Мерко – против струшкиот градоначалник ќе се водат 9 судски постапки, му се заканува затвор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Одземен пасошот на Рамиз Мерко – против струшкиот градоначалник ќе се водат 9 судски постапки, му се заканува затвор
ХРОНИКА

Одземен пасошот на Рамиз Мерко – против струшкиот градоначалник ќе се водат 9 судски постапки, му се заканува затвор

Објавено December 28, 2024 09:32
Сподели
Сподели

Ново обвинение е покренато против струшкиот градоначалник, Рамиз Мерко, а одземен му е и пасошот.

Струшкиот суд го прифати предлогот на обвинителството и одлучи да му ја одзеде патната исправа и и го задолжи еднаш неделно да се јавува во судот.

Од Обвинителството информираа дека мерките биле побарани поради опасност од бегство, со оглед на тоа што поднесено е уште едно обвинение.

Обвинението се однесува на тоа што Мерко, во март, годинава, поставил споменик на влезот на општинската зграда, со кое поттикнал етничка омраза и раздор меѓу жителите на Струга, со што сторил кривично дело предвидено во член 27 од Законот за меморијални споменици и спомен-обележја, велат од Обвинителството.

„Со последното поднесено обвинение, во основните судови во Струга и во Битола, против обвинетот ќе се водат вкупно девет активни судски постапки, при што во секоја од нив му е запретена и затворска казна“, се додава.

ОЈО Струга веќе води осум судски постапки против Мерко кои се однесуваат на злоупотреба на службена положба и овластување и несовесно работење во службата, па надлежниот јавен обвинител оценил дека постои реална опасност обвинетиот да се обиде да го избегне кривичниот прогон.

САД претходно, минатата година, го означија градоначалникот на Струга како неподобен за влез во САД поради неговата вклученост во значајна корупција, соопшти Стејт Департментот.

Оттаму истакнаа дека Мерко, како градоначалник на Струга, злоупотребувал општински средства и се мешал во судски и други јавни процеси, наштетувајќи ѝ на довербата на македонската јавност во демократските институции и функционери.

На црната листа на САД истовремено се ставени и неговата сопруга и трите полнолетни деца.

Американската амбасадорка, Ангела Агелер, половина година подоцна изјави дека по одлуката, ниту еден македонски правосуден орган или институција не се обратиле до САД за да побараат споделување на доказите со цел да се отвори постапка и во земјата за лицата што се на листата. Амбасадорката пред новинарите рече дека во Северна Македонија има епидемија на корупцијата и таа е присутна во сите пори на општеството, особено во изминатите десет години.

Мерко кој е долгогодишен градоначалник на Струга и поранешен патеник во Собранието, на функциите дојде од редовите на Демократската Унија за Интеграција (ДУИ).

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Скот 20 минути бил во рајот: Eдна личност ме однесе на ливада од која не сакав да си заминам
Следна Статија Собранието го донесе Законот за учебници, усвои и повеќе закони од различни сфери

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Граѓаните да не наседнуваат на измами со лажни сообраќајки, веднаш да пријават во полиција

Во изминатиот период во Министерството за внатрешни работи од страна на граѓаните пријавени се повеќе кривични дела „измама“, кои се…

March 4, 2025
ХРОНИКА

Три жени пронајдени починати во одвоени случаи

Три жени биле пронајдени починати во текот на вчерашниот ден. Два случаи се во Аеродром, а еден во скопско Средно…

December 27, 2024
ХРОНИКА

62 годишен силувал 30-годишна жена од штипско

На 23.10.2024, полициски службеници при СВР Штип го лишиле од слобода Б.С.(62) од штипско село поради постоење основи на сомнение…

October 24, 2024
ХРОНИКА

Скопјанец пронајден починат во водите на Охридското Езеро

Вчера во 18.21 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во водите на Охридското езеро кај плажата од Извидничкиот центар…

July 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?