Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ОЈО бара притвор за девет лица во предметот „Адитив“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > ОЈО бара притвор за девет лица во предметот „Адитив“
ХРОНИКА

ОЈО бара притвор за девет лица во предметот „Адитив“

Објавено December 11, 2024 18:00
Сподели
Сподели

По вчерашната успешно спроведена акција и донесената Наредба за спроведување на истражна постапка против 23 лица, денеска предметните обвинители до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје доставија предлози за изрекување на мерка притвор за деветмина осомничени. До моментов се прифатени предлози за осуммина осомничени, а за едно лице судијата на претходна постапка треба да донесе одлука до крајот на денешниот ден.

Ценејќи дека се исполнети условите, а заради непречено водење на кривичната постапка, обвинителството до судијата на претходна постапка предложи на останатите осомничени да им бидат определени мерки на претпазливост како поблаги мерки за обезбедување присуство и тоа: забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска да се јавуваат повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган кој ќе го определи судијата на претходна постапка, како и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница односно забрана за нејзино издавање и забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со определени лица.

Обвинителите во текот на денешниот ден до Основниот кривичен суд доставија и пет предлози за времени мерки за обезбедување на имот на дел од осомничените.

Во текот на вчерашниот ден при претресите пронадени и одземени се парични средства во вкупен износ од 208 000 евра, над 30 мобилни телефонски апарати, компјутери, лап-топи, УСБ стикови, едно моторно возило марка BMW и обемна документација поврзана со кривично правниот настан.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бизнис секторот со пофалба за Буџетот за 2025 година: Подобра иднина за бизнисот и раст на економијата
Следна Статија Circle и Binance во стратешко партнерство за забрзување на глобалното усвојување на USDC и криптовалути

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Измамниците не мируваат: Битолчанка дала 27.000 евра за наводна операција на ќерка и

На 09.10.2025 во 12:34 часот во СВР Битола, 62-годишна жена од Битола пријавила дека била измамена од едно лице за…

October 10, 2025
ХРОНИКА

Тешко повреденa велешанка, по удар од автомобил

На 14.07.2026 во СВР Велес е пријавено дека во 09:20 часот, на улица „Благој Ѓорев“ во Велес, патничко возило „мерцедес“…

July 15, 2026
ХРОНИКА

Борче Марковски сепак оди во ефективен притвор

Предлогот на Основното јавно обвинителство Битола е прифатен од Кривичниот совет на Основниот суд во Битола и на осомничениот сопственик…

October 11, 2025
ХРОНИКА

Пронајдена исчезнатата Билјана од Прилеп – жива е, потврди нејзината сестра

Триесет и четири годишната Билјана Ј.А. од Прилеп, за која вчера беше пријавено дека е исчезната, е пронајдена и е…

July 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?