Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Омерагиќ и Пандев се сретнаа со Милевски: Репрезентацијата секогаш треба да биде над сите, тоа е национален интерес
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Омерагиќ и Пандев се сретнаа со Милевски: Репрезентацијата секогаш треба да биде над сите, тоа е национален интерес
СПОРТ

Омерагиќ и Пандев се сретнаа со Милевски: Репрезентацијата секогаш треба да биде над сите, тоа е национален интерес

Објавено December 24, 2024 21:20
Сподели
Сподели

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ и спортскиот директор на националните селекции, Горан Пандев одржаа денеска состанок во „Куќата на фудбалот“ со селекторот на македонската машка фудбалска репрезентација, Благоја Милевски.

На средбата, како што соопшти ФФМ, соговорниците „отворено и конструктивно разговараа за сите актуелни настани и важни теми поврзани со најдобрата македонска репрезентација, но и за други аспекти од соработката што допрва започнува меѓу Пандев, како спортски директор на националните селекции и селекторот Милевски“.

„Имавме отворен и пред сè искрен разговор. Претседателот на Федерацијата ја повтори искажаната поддршка за работата на А македонската репрезентација. Со Горан се согласивме дека репрезентацијата секогаш треба да биде над сите нас. Тоа е национален интерес и секогаш ќе биде во прв план. Сите треба да се ставиме во функција на тоа и на Македонија. Се надевам дека ќе имаме добра соработка во интерес на тимот, но и на сите кои ја поддржуваат македонската репрезентација“, изјави Милевски.

Пандев, кој во неделата беше назначен за спортски директор на националните селекции, изрази задоволство од своја страна од отворениот разговор „за тоа што може да биде подобро во иднина и заедничкиот стремеж да одиме напред кон нови победи“.

„Заедно со претседателот Омерагиќ ни беше важно да разговараме отворено со селекторот за сите теми и му благодарам што го сфати она што го сметаме за правилно, а тоа е дека како мала држава мораме да се потпреме на сите расположливи сили и фудбалерите кои имаат квалитет мора да помогнат и со настапи во репрезентацијата. Секако, доколку тоа го заслужуваат. Верувам дека ги решивме сите такви прашања и се радувам на новите предизвици“, истакна по средбата Пандев.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Еди Рама: Ќе направиме се оваа деценија да влеземе во ЕУ
Следна Статија Пешевска: Ситуацијата со Груби и пораката од Стејт департментот е силна порака дека никој нема да биде поштеден од законот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Омерагиќ: Ова е победа која ја заслужија – фудбалерите, стручниот штаб и нашите навивачи

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати честитки за нашите фудбалери, за нивната борбеност и покажаниот карактер на…

March 22, 2025
СПОРТ

Две години суспензија за грчки АЕК, ама и парична казна за Алкалоид

Двегодишна забрана за настап во меѓунардните купови му изрече денеска Европската ракометна федерација (ЕХФ) на АЕК, поради одбивањето на грчкиот…

June 16, 2025
СПОРТ

(Видео) Ливерпул во криза, Манчестер јунајтед победи на „Енфилд“

Манчестер јунајтед го доби најголемото дерби во англискиот фудбал. На „Енфилд“, Јунајтед го победи Ливерпул со 2:1. Прв пат во…

October 20, 2025
СПОРТ

До каде е границата на човечката издржливост и медицината, посебно онаа недозволената?

До каде е границата помеѓу човечката издржливост и медицината, посебно онаа недозволената. Дали здравата исхрана или допингот се заслужни за…

February 1, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?