Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Орбан до Грузија: Не дозволивте вашата земја да стане уште една Украина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Орбан до Грузија: Не дозволивте вашата земја да стане уште една Украина
СВЕТ

Орбан до Грузија: Не дозволивте вашата земја да стане уште една Украина

Објавено October 29, 2024 20:47
Сподели
Сподели

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека победата на изборите во Грузија, што ја постигна десничарската партија „Грузиски сон“, е слободна и демократска и покрај големите протести на опозицијата, која ги смета изборите за наместени.

Орбан, главниот сојузник на рускиот претседател Владимир Путин во Европската унија, е првиот странски лидер што ја посети Грузија по изборите во минатата сабота.

Претседателот на Грузија и опозицијата тврдат дека изборите се украдени со помош на Русија, а ЕУ и САД побараа целосна истрага за нерегуларностите.

Сепак, по средбата со грузискиот премиер Иракли Кобахидзе, Орбан изрази поинаков став, честитајќи му за победата.

Ја гледам дебатата што се водеше околу изборите, ги читам оценките на меѓународните организации и гледам дека никој не се осмелува да се сомнева дека овие избори биле слободни и демократски“, рече Орбан.

Луѓето се собраа пред парламентот во понеделникот вечерта, барајќи нови избори под меѓународен надзор и истрага за наводното лажирање на гласовите.

Протестот ги зголеми тензиите во земјата, каде владејачката партија Грузиски сон стана авторитарна и се повеќе се свртува кон Москва.

Орбан рече дека е јасно оти „и опозицијата и владејачката партија се посветени на европската интеграција“, отфрлајќи ги тврдењата на опозицијата дека партијата Грузиски сон се противи на тоа.

„Иако имате проевропска политика, не дозволивте вашата земја да стане уште една Украина“, рече Орбан и го повика Кобахидзе да ги игнорира сите критики за изборите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мајката на Данка: Овој човек знае каде е мојата ќерка
Следна Статија Куќна помошничка фрлила стар душек, а газрадицата чувала во него злато и многу пари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Милано: Од Нова година, пушењето е забрането и на отворено

Пушењето на отворени јавни места во Милано веќе нема да биде дозволено од 1 јануари следната година, освен ако пушачите…

December 19, 2024
СВЕТ

Кина ќе одржи воени вежби околу Тајван како предупредување до ‘сепаратистички сили’

Вежбите доаѓаат денови по најавата на САД за продажба на една од нејзините најголеми воени пакети на Тајван.

December 30, 2025
СВЕТ

(Видео) Украинците го нападнаа Белгород: град со 300.000 жители остана без електрична енергија

Рускиот град Белгород и околните области беа погодени од прекин на електричната енергија синоќа. Причината беа нападите што ја оштетија…

October 6, 2025
СВЕТ

Кина им забранува на експертите за вештачка интелигенција да ја напуштат земјата без дозвола од владата

Кина ќе воведе нови регулативи од јули за да ги заостри контролите врз трансакциите во странство што вклучуваат инвестиции, технологија,…

June 2, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?