Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Откритие што ќе доведе до нови начини за лекување РАК: Доделена Нобеловата награда за медицина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Откритие што ќе доведе до нови начини за лекување РАК: Доделена Нобеловата награда за медицина
ЗДРАВЈЕ

Откритие што ќе доведе до нови начини за лекување РАК: Доделена Нобеловата награда за медицина

Објавено October 7, 2024 19:05
Сподели
Сподели

Двајцата истражувачи од Масачусетс ја добија Нобеловата награда за медицина. Американските професори Виктор Амброз и Гери Рувкун денеска беа наградени за откритието на микроРНК, ситни парчиња генетски материјал што го менуваат начинот на кој гените функционираат на клеточно ниво, што може да доведе до нови начини за лекување на ракот.

Нобеловиот комитет соопшти дека нивното откритие „се покажало како од фундаментално значење за тоа како се развиваат и функционираат организмите“.

Виктор Амброз спроведе наградувано истражување на Универзитетот Харвард. Во моментов е професор по природни науки на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Масачусетс во Ворчестер. Амброуз е роден во Хановер, Њу Хемпшир. Докторирал на Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ) во 1979 година.

Рувкун спроведе истражување во Општата болница во Масачусетс и во Медицинскиот факултет Харвард, каде што е професор по генетика. Рувкун е роден во Беркли, Калифорнија. Докторирал на Харвард во 1982 година.

Нобеловиот комитет рече дека откритието на Амброуз и Рувкун на крајот „откри нова димензија на генската регулација, која е клучна за сите сложени форми на живот“.

МикроРНК отворија нови пристапи за научниците за лекување на болести како ракот, бидејќи тие помагаат да се регулира како функционираат гените на клеточно ниво, истакна д-р. Клер Флечер, предавачка по молекуларна онкологија на Империал колеџ во Лондон.

Флечер рече дека микроРНК им обезбедуваат генетски инструкции на клетките да направат нови протеини и дека постојат две главни области каде што микроРНК може да бидат корисни: во развојот на лекови за лекување на болести и како биомаркери.

„МикроРНК го менуваат начинот на кој функционираат гените во клетките“, вели Флечер, која е надворешен експерт и не е поврзан со Нобеловата награда.

„На пример, кај ракот, имаме одреден ген кој премногу работи, можеби е мутиран и премногу работи“, објасни таа. „Можеме да земеме микроРНК за која знаеме дека ја менува активноста на тој ген и да ја доставиме таа специфична микроРНК до клетките на ракот за да спречиме мутираниот ген да го има својот ефект.

Флечер додаде дека во тек се клинички испитувања за да се види како пристапите на микроРНК можат да помогнат во лекувањето на ракот на кожата, но дека сè уште нема лекови одобрени од регулаторните тела. Таа очекува дека тоа би можело да се случи во следните пет до десет години. Таа рече дека микроРНК претставуваат нов начин за контрола на однесувањето на гените за лекување и следење на различни нарушувања.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Иво Андриќ бил избркан од масонската ложа оти ја завел сопругата на својот кум
Следна Статија Со инвестиција од 3,7 милиони евра, Царинската управа ќе работи на воспоставување на нов граничен премин Клепало со Бугарија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Клековски: На болничко лекување остануваат уште тројца од повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“

Уште двајца од повредените млади луѓе во пожарот во кочанската дискотеката „Пулс“, се пуштени на домашно лекување, а на болничко…

August 29, 2025
ЗДРАВЈЕ

Пристигнаа кремите за изгореници и лепенки за повредените во Кочани, првата група од утре заминува на Пониква

Пристигна првата пратка на креми за апликација на изгорениците, а стигнаа и лепенките кои пациентите ги бараа, изјави денеска д-р…

June 20, 2025
ЗДРАВЈЕ

Седум предупредувачки знаци кои укажуваат на превисок шеќер во крвта

Симптомите на покачен шеќер во крвта лесно може да се игнорираат, погрешно да се сфатат или да се занемарат. Тоа…

March 6, 2025
ЗДРАВЈЕ

(ВИДЕО) Клиниката за психијатрија вдоми лабрадор кој им помага на пациентите во терапискиот процес

Универзитетската клиника за психијатрија во Скопје на социјалните мрежи објави дека го вдоимла Роџер, лабрадор стар две и пол години…

January 15, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?