Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Холестеролот не доаѓа од плескавиците и ќебапите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Холестеролот не доаѓа од плескавиците и ќебапите
ЗДРАВЈЕ

Холестеролот не доаѓа од плескавиците и ќебапите

Објавено February 18, 2025 08:42
Сподели
Сподели

Познат професор открива која намирница е смртоносна за црниот дроб и дали треба да се јаде маст!

Еден професор доктор објаснува како функционираат некои од основните процеси во организмот и како да го зачуваме здравјето на виталните органи.

Проф. Д-р Дејан Чубрило открива како најдобро да го исчистите организмот од разни токсини, нагласувајќи кои намирници треба да се избегнуваат, особено по 30-тата година од животот. Според него, една од најважните теми во модерното време е замастениот црн дроб. Еве што всушност значи оваа подмолна состојба.

– Ако имате замастен црн дроб, а речиси сите го имаат во помала или поголема мера, автоматски имате покачено ниво на инсулин. Тоа е хормон што го произведува панкреасот за регулирање на шеќерот и варењето. Ако инсулинот се зголемува повеќе или помалку во текот на денот, тој апсолутно ќе создаде маснотии во црниот дроб. Тоа е негова работа. Не добивате холестерол од храната. Ако јадете ќебапи и плескавици секој ден, и тоа во големи порции, практично ќе ви се појават дигестивни проблеми и интоксикација. Но, зголеменото ниво на инсулин ќе го стимулира производството на холестерол во фабриката за холестерол – црниот дроб, каде што се создава. Секој со повишен холестерол, има и повишен инсулин, и обратно. Кој го контролира инсулинот, го контролира и холестеролот – тврди д-р Чубрило.

Тој објасни што е лош холестерол.

– Лошиот холестерол е парадокс, тој има помалку холестерол во себе отколку добриот. Лошиот холестерол има задача да го пренесува материјалот за производство на хормони и затоа не е лош – објаснува докторот, нагласувајќи дека тој станува „лош“ кога ќе за’рѓа.

Тоа значи дека не може да ја врши својата работа за транспорт на материјал за производство на хормони.

– Тој оксидиран холестерол ќе се залепи некаде и ќе претставува почеток за развој на атеросклероза. Лош е само оксидираниот холестерол. Секој со холестерол кој е 6 или 6,5 не го толкувам како трагедија или нешто толку лошо. Тогаш заклучувам дека се произведува премногу, или дека нешто го стимулира инсулинот, да не се излачува правилно преку жолчката или дека е зарѓан. Тогаш на пациентите им препорачувам антиоксиданси, т.е. во исхраната да внесуваат што повеќе овошје и зеленчук, објаснува докторот.

Д-р Чубрило нагласува дека е исклучително важно да се контролира инсулинот.

„Не треба да јадеме шеќер, да не го оптоваруваме панкреасот“, вели докторот, алудирајќи на тоа дека шеќерот е една од најлошите намирници.

Што се однесува до животинската маст и нејзината употреба во исхраната, д-р Чубрило препорачува да се додава помалку од една лажица, само за храната да замириса добро.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Започнаа оставки: Крстевска Цалева се повлекува од фукцијата в.д. шеф на Вишото обвинителство Скопје
Следна Статија Почнаа преговорите за Украина во Ријад (ФОТО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Како до здравствена заштита базирана на вредности за онколошките пациенти

Кога еден пациент е соочен со дијагнозата рак, тоа е поразително за него и за најблиските луѓе околу него. Она…

December 12, 2024
ЗДРАВЈЕ

Проф. д-р Марија Срцева избрана за претседателка на Здравствениот совет

Професор д-р Марија Срцева е избрана за претседателка на Здравствениот совет, советодавно тело на министерот за здравство. Согласно Законот за…

September 11, 2025
ЗДРАВЈЕ

Водата во Гостивар е безбедна за пиење, информираат од ЈП „Комуналец“

Откако минатата недела Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) издаде наредба за забрана за пиење на водата од градскиот водовод…

October 11, 2024
ЗДРАВЈЕ

Забранет е увоз на пилешко од Бразил и на месо од мали преживари од Албанија

Донесено е Решение за забрана на увоз на пилешко месо од Бразил поради птичји грип, потврди денеска директорот на Агенција…

June 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?