Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Грипот однесе уште една жртва, расте бројот на хоспитализирани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Грипот однесе уште една жртва, расте бројот на хоспитализирани
ЗДРАВЈЕ

Грипот однесе уште една жртва, расте бројот на хоспитализирани

Објавено January 18, 2026 18:26
Сподели
Сподели

Пациент од внатрешноста на земјата, на возраст од 69 години, починал во раните утрински часови на одделението за интензивна нега на Клиниката за инфективни болести во Скопје, откако кај него лабораториски била потврдена инфлуенца А.

Директорот на Клиниката, д-р Фадил Цана, информира дека пациентот бил донесен во исклучително тешка здравствена состојба, со веќе развиена масивна бронхопневмонија и акутен респираторен дистрес синдром. Симптомите, како што посочи, се развиле пет дена пред хоспитализацијата, а поради сериозноста на состојбата бил поставен на механичка вентилација.

Пациентот имал повеќе коморбидитети и не бил вакциниран против сезонски грип, иако припаѓал на ризична група.

Во моментов, на Клиниката за инфективни болести се хоспитализирани околу 30 пациенти заболени од грип, од кои еден се наоѓа во потешка клиничка состојба. Претходно, на истата клиника почина и 75-годишна жена кај која исто така била потврдена инфлуенца А. И таа имала повеќе хронични заболувања и не била вакцинирана.

Од Клиниката информираат дека меѓу хоспитализираните доминираат повозрасни лица со компликации, најчесто со сериозно респираторно засегање. Во моментов таму се лекуваат околу 25 до 30 пациенти со потешка клиничка слика.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Очекувам едноцифрен процент на невработеноста, кажа Мицкоски
Следна Статија Обвинителството да постапи по изјавите на хирургот Митрев, мафијашки упади се случуваа, вели премиерот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Неопходно е подигнување на свесноста за превенција од рак на дојка

Подигнувањето на свесноста за превенција од рак на дојка е целта на настанот „Појадок со ХЕМА-ОНКО“ и хуманитарниот базар што…

October 19, 2024
ЗДРАВЈЕ

Епидемија во Гостивар, водата загадена: Над 1 000 пациенти побарале медицинска помош со слични симптоми

Повеќе од 1 000 пациенти во изминативе 3-4 дена побарале медицинска помош во болницата во Гостивар. Оттаму велат дека поголемиот…

July 17, 2026
ЗДРАВЈЕ

АХВ: Пронајдени се бактерии кај минерална вода увезена од Косово, ќе се „чешлаат“ и безалкохолните пијалаци

Заради обезбедување на поголема безбедност на храната и постигнување на високо ниво на заштита на здравјето на луѓето, во услови…

March 4, 2025
ЗДРАВЈЕ

Поради небезбедна храна пред Велигден изречени глоби од над 19 илјади евра

Во пресрет на Велигден, државните инспекции затекнаа дел од пазарот неподготвен за засилената празнична контрола. Во 1.221 вонредна инспекција биле…

April 16, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?