Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Очекувам едноцифрен процент на невработеноста, кажа Мицкоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Очекувам едноцифрен процент на невработеноста, кажа Мицкоски
ЕКОНОМИЈА

Очекувам едноцифрен процент на невработеноста, кажа Мицкоски

Објавено January 18, 2026 18:56
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски очекува првпат во земјава да имаме едноцифрен процент на невработеност, како резултат на активностите што се преземаат со Реформската агенда.

Бројот на невработени, како што рече денеска во одговор на новинарско прашање, сега можеби е под 90 илјади, откако во ноември лани изнесуваше 91 илјада, што беше намалување за седум илјади во однос на ноември 2024.

– Сега можеби е и под 90 илјади. Со новите законски измени дел од барателите на работа ќе бидат избришани бидејќи на некој начин се присутни во полуформалната и неформалната економија. Првпат очекувам да имаме едноцифрен број проценти невработеност. Тоа е дел од Реформската агенда и усогласување со неа и не е тоа нешто што го правиме еднострано, изјави Мицкоски, при посетата на ООУ „Блаже Конески“ во општина Аеродром.

Владата неделава одобри 10 илјади работни дозволи за странци за годинава, а премиерот укажува дека таков податок има секоја година односно дека тие дозволи се издаваат за позиции кои се дефицитарни на пазарот на труд откако ќе се направи усогалсување со работодавачите, односно со стопанските комори.

– Тоа е податок кој се случува секоја година. Не е тоа податок кој не се случува секоја година, имаме, да речеме, работниците кои се дел од проектот во коридорите 8 и 10 д, се дел од овие работни дозволи. Таму има неколку илјади, да речеме. И не се само тие, мислам, има многу такви профили на работници кои на пазарот на труд се барање од стопанските комори и работодавачите. Таа бројка не отстапува ако се спореди со бројките од минатите години, рече Мицкоски.

На новинарско прашање за најавите од „Макам-транс“ дека на 26 јануари ќе се приклучат на останатите земји од регионот со протести и блокади на осум гранични премини со што ќе запре транспортот бидејќи по воведувањето на новиот систем од страна на ЕУ сè уште немаат добиено никаков одговор на нивните барања премиерот најави дека денеска ќе разговара со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски за да увидат, како што рече, што може да се направи за да се избегне оваа блокада и да се надминат сите пропусти кои се резултат на нефункционирањето сè уште онака како што треба на одредени сегменти во институциите.

Според Мицкоски, за проектот „Зелена линија“ („Green Line“) има одредени работи и финеси кои треба да се доусогласат.

– Транспортерите не треба да чекаат бидејќи тоа е суштината на проектот „Зелена линија“. Ние како држава ги исполнивме сите критериуми како резултат на сето тоа и реконструкција на одредени гранични премини. Мислам дека ќе се надмине овој проблем и не треба транспортерите да ги чувствуваат последиците од тоа што сè уште некои институции и кај нас, но и во Брисел не се подготвени за овој проект. Очекувам да излезат на протести и тие протести се оправдани, изјави Мицкоски, посочувајќи дека последици од блокадите ќе има не само за македонската економија туку и пошироко.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Санчез: Американска инвазија на Гренланд „би го направила Путин најсреќниот човек на земјата
Следна Статија Грипот однесе уште една жртва, расте бројот на хоспитализирани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Се зголемува цената на бензините и на дизелот

Цените на горивата од вечерва на полноќ се зголемуваат, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. ЕУРОСУПЕР 95, ЕУРОСУПЕР 98+ и ЕУРОДИЗЕЛ…

June 16, 2025
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска најави завршен состанок на банките за парите од унгарскиот заем

Министерството за финансии имаше состаноци со секоја банка поединечно и денеска тие ќе имаат завршен состанок да ги додефинираат работите,…

November 22, 2024
ЕКОНОМИЈА

РКЕ предлага четири часа евтина струја дневно и ниска тарифа во сабота

Регулаторната комисија за енергетика анализира проширување на евтината тарифа за струја од сегашните два на четири часа во текот на…

June 25, 2026

Химс лансира орален Вегови препарат, но FDA може да биде проблем

Химс & Херс Здравје лансира компириран препарат на орален Вегови на Ново.

February 7, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?