Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Оваа недела ќе ги има 6-те биолошки лекови за онколошките пациенти, најавија Таравари и Клековски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Оваа недела ќе ги има 6-те биолошки лекови за онколошките пациенти, најавија Таравари и Клековски
МАКЕДОНИЈА

Оваа недела ќе ги има 6-те биолошки лекови за онколошките пациенти, најавија Таравари и Клековски

Објавено January 27, 2025 13:24
Сподели
Сподели

Оваа недела ќе ги има шесте биолошки лекови што недостигаа за пациентите од Клиниката за онкологија, потврди министерот за здравство Арбен Таравари. И директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, соопшти дека дефицитот наскоро ќе биде решен – за дел со донации, а за дел од лековите со анекси на договорите во јавните набавки.

Во изјава за медиумите Таравари рече дека нема недостиг на целата онколошка терапија туку, рече, „90 отсто од лековите што се користат како онколошка терапија ја има во Клиниката за онкологија“.

Недостасува само биолошка терапија и тоа само шест-седум дена. Се надевам дека оваа недела Клиниката за онкологија ќе биде снабдена со биолошка терапија. Ние досега сме имале дури повеќе отколку минатите години биолошка терапија. Меѓутоа, побарувањата од пациентите се многу поголеми, затоа веќе имаме протоколи и конзилиум од доктори, бидејќи навистина е луксузна и не треба да се даде баш секаде, туку таму каде што е индицирано и таму каде што лекарскиот конзилиум ќе одлучи дека треба да се даде биолошка терапија. Уште еднаш да повторам – лекови има, не дека недостигаат сите лекови, и во текот на оваа недела повторно ќе има биолошка терапија на Онкологија, изјави Таравари пред настан по повод завршување на проектот за имплементација на Стратегијата за здравство 2021-2030“.

Додаде и дека покрај другите клиники и болници каде што ќе биде распределен кадарот за кој има одобрение за вработување, во посебен фокус е Клиниката за онкологија, за која се планира и реорганизација односно децентрализација во третирањето на пациенти со карцином.

Интензивно работиме „8 Септември“ набрзо да почне да функционира со цел во Клиниката за онкологија да има помалку пациенти. Штип, Тетово и Битола функционираат. Ние во овој период веќе размислуваме и да се реорганизира Клиниката за онкологија, да функционира слично како Токсикологија. Дирекцијата да биде единствена и директорот да може да ги управува сите подединици кои ќе бидат во градовите каде што може да се подели или да се ординира онколошката терапија. Со тоа ја реализираме нашата цел да има децентрализација и во онкологијата, рече Таравари.

И директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) Сашо Клековски рече дека „се завршуваат и ќе бидат многу брзо решени“ биолошките лекови што деновиве недостигаат.

Токму сега доаѓам од состанок со директорот на Клиниката. Еден дел ќе бидат решени со донации кои ќе се реализираат во текот на неделата, бидејќи лековите се присутни и ги има на залиха во Македонија, дел ќе бидат со анекси на договорите и тоа го расчистуваме денеска и утре со јавните набавки. Така што, мислам дека критичните лекови ќе бидат многу брзо достапни, истакна Клековски.

Директорот на Фондот кажа и какви промени планираат за да се најде долгорочно решение за дефицитот на лекови за пациентите од Онкологија.

Соопшти дека во моментот работат на план, кој наскоро ќе го објават, почнувајќи од дијагностиката. Во разговор со Институтот за патологија и ПЕТ-центарот разгледуваат како да се скрати времето на дијагностика за, како што рече, „сите тие милиони што ги инвестираме во посебно скапа терапија да имаат некаква смисла“.

Тоа значи доекипирање на патолошки лаборатории надвор од Скопје, зголемување на капацитетот на ПЕТ-скен, забрзување на постапките. Она што ќе го направиме во терапевтскиот дел е зголемување на основниот буџет за речиси 40-50 проценти, тоа треба да биде одобрено оваа недела. И тоа ќе биде значајно отскокнување, некои од критичните лекови ќе бидат зголемени двапати – од три-три и пол илјади вијали на шест-седум илјади вијали годишно, посочи Клековски.

Како што рече, ќе мора да се разгледа и децентрализацијата на терапијата и дел од таблетарната да биде на позитивна листа за да може да се подига надвор од Онкологија, а ќе бараат начин, рече, како дел од биолошката терапија да се доделува надвор од Клиниката за онкологија.

Ние имаме онколошки одделенија во „8 Септември“, во Штип, Битола и во Тетово, кои во овој момент не третираат со биолошка терапија. Или ќе третираат или нема потреба да имаме онколошки одделенија што не работат. Мислам дека заедно со подобрување на Регистарот на пациенти, за да се обезбеди една предвидливост на промените, ќе ја стабилизираме ситуацијата, додаде Клековски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ФОТОГРАФИИ од руинираното БМВ од Министерството на Артан Груби
Следна Статија Од полноќ нови цени на горивата: Дизелот се намалува за 1,5 а бензините за 1 денар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски со честитка по повод 23 октомври: Да не го губиме времето на поделби и прашања кои не разединуваат, туку посветено да работиме за подобар живот

Нека е честит и вековит денот на Македонската револуционерна борба. На овој ден е формирана и Македонската револуционерна организација. Делото…

October 23, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски- Пејкоф: Инвестициите на Нијагара Ботлинг се добредојдени, а македонската дијаспора е клучен елемент во системот

Премиерот Христијан Мицкоски оставри средба со Ендру Пејкоф, канадски бизнисмен со македонско потекло, основач и Претседател на Нијагара Ботлинг, компанија…

January 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на Костенијада во Ново Село: Овие настани влијаат на развојот на руралниот туризам

Денеска сме на овој преубав настан на покана на градоначалникот на Општина Ново Село, се надевам дека ќе го збогатиме…

October 19, 2024
МАКЕДОНИЈА

Македонија нема друга алтернатива освен да ја водат учени луѓе, вели министерката Весна Јаневска

Министерството за образование и наука им го честита Меѓународниот ден на образованието на учениците, студентите, учителите, родителите и на сите…

January 24, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?