Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пандев: Честито Масар Омерагиќ– пред нас е многу работа!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Пандев: Честито Масар Омерагиќ– пред нас е многу работа!
СПОРТ

Пандев: Честито Масар Омерагиќ– пред нас е многу работа!

Објавено November 18, 2024 19:40
Сподели
Сподели

Уште пред неколку месеци Горан Пандев во интервју за “СпортСпорт” ги најави промените во ФФМ и јавно кажа дека е во тимот за промени во ФФМ со Масар Омерагиќ. Денеска македонската фудбалска легенда се огласи од Џенова.

„Се гледа сонце на крајот од тунелот во ФФМ… Вчерашниот ден беше убав… Победа над Фарските острови, прво место во групата и оставка на Муамед Сејдини. Верувајте ми дека работите ќе тргнат на подобро. ФФМ е институција на која и требаат професионалци и луѓе кои освен интересот на фудбалот немаат друг интерес како финансии и ред други работи…“, коментира Пандев од Џенова од каде го најави своето враќање во мак-фудбалот.

„И пред извесно време и сега повторувам и јавно кажувам дека Масар Омерагиќ е најдоброто решение за претседателската фунција на ФФМ. Масар ти честитам на упорноста и нервите кои ги имаше за да дојдеш до овој стадиум и да бидеш на чело на федерациојата каде требаше да бидеш и пред 12 години. Тука сум за мак-фудбалот, ќе бидам дел од новата гарнитура во ФФМ и на располагање го ставам сето мое знаење и контакти за доброто на сите. Не чека многу работа, темелни промени и комплетна реорганизација во младинскиот фудбал. Треба трпение но ако се имаат вистинските луѓе и проекти резултатите ќе дојдат. Ни треба јака стратегија, проект по кој ќе бидеме препознатливи а не по фудбал кој кај нас е ист 30 години и фудбал во кој имаме периодични а не константни резултати“.

Горан Пандев го најави своето доаѓање во Македонија деновиве и на самото собрание на ФФМ на 22 декември а воедно им честита на на фудбалерите за успехот во Лигата на нации:

“Ќе бидам во Скопје деновиве, ќе се видам со идниот претседател на ФФМ и сакам да бидам на Собранието на 22 декември. Воедно им честитам на сениорите за успехот во Лигата на нации, но тој успех треба да се надогради и потврди во квалификациите з СП кои се играат од март. Максимална поддршка затоа што успехот и неуспехот на репрезентацијата е на сите кои сме биле дел од истата и навиваме за неа. Како не треба да се работи е она што се случува во младите селекции а посебно во репрезентацијата до 21 година. Ни треба иднина, план за развој и професионални тренери но и инфраструктура. Со чесна работа сето тоа ќе се обезбеди… Се гледаме за брзо во ФФМ“, најави Горан Пандев ден по оставката на Муамед Сејдини.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Објавен нов трејлер за првиот македонски долгометражен анимиран филм
Следна Статија ЕУ ќе се бори против прекумерната употреба на антибиотици

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Аморим: Ние сме најлошиот тим во историјата на Манчестер Јунајтед

Фудбалерите на Манчестер јунајтед го претрпеа 10. пораз во 22. коло од англиската Премиер лига. Јунајтед загуби од Брајтон со…

January 20, 2025
СПОРТ

Maкедонија граби кон ЕП: Рутинска победа во Естонија

Македонската машка ракометна репрезентација ја мина првата од двете последни пречки на патот до пласман на Европското првенство 2026, откако…

May 8, 2025
СПОРТ

Михаел Шумахер повеќе не може ниту да зборува

Германскиот новинар Феликс Горнер објави детали за состојбата на легендарниот возач во Формула 1, Михаел Шумахер. Горнер, кој со години…

March 28, 2025
СПОРТ

Челзи до трофејот Светски клупски шампион (ВИДЕО)

Англискиот тим Челзи е освојувач на трофејот на Светското фудбалско клупско првенство што изминатите 30 дена се одржа во САД.…

July 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?