Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пандев спортски директор на националните селекции, Најдоски и Ибраими советници на Омерагиќ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Пандев спортски директор на националните селекции, Најдоски и Ибраими советници на Омерагиќ
СПОРТ

Пандев спортски директор на националните селекции, Најдоски и Ибраими советници на Омерагиќ

Објавено December 22, 2024 18:00
Сподели
Сподели

По завршувањето на вонредно изборно Собрание на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), новиот претседател Масар Омерагиќ одржа состанок со членовите на Управниот одбор на федерацијата.

На состанокот, на предлог на Омерагиќ, членовите на Управниот одбор на ФФМ го избраа Марјан Стојкоски од ОФС Прилеп за потпретседател на Фудбалската федерација на Македонија на местото од досегашниот потпретседател, Лазар Ракиџиев.

На седницата, исто така, беше констатирана оставката од функцијата генерален секретар на Наталиа Илиевска Божиновска.

За в.д. генерален секретар во Фудбалската федерација на Македонија е назначен Дрилог Ганиу, досегашен заменик на првиот оперативец во „Куќа на фудбалот“.

На предлог на новиот претседател на ФФМ, македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции.

Еден од великаните на македонскиот фудбал, Илија Најдоски заедно со нашиот поранешен репрезентативец, Агим Ибраими се назначени за советници во кабинетот на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија За осум часа на ГП Табановце влегле над 26.500 лица, најмногу македонски државјани
Следна Статија Експлозивот пронајден во Арачиново беше доволен да ги крене во воздух Владата или Собранието, откри Мицкоски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Лазаров: Имаме убави спомени од Вараждин, нека биде така и сега

Вараждин е добро познат град за македонските ракометари кога се во прашање големите турнири. „Имаме позитивни сеќавања од 2009 и…

January 7, 2025
СПОРТ

Патриотите triumphiraа во Monday Night Football, победувајќи ги Џајантс со 33-15

Патриотите ја зацврстија својата водечка позиција во НФЛ со одлична победа

December 3, 2025
СПОРТ

(Видео) Халибартон со звукот на сирената – Индијана ја шокираше Оклахома

Кошаркарите на Индијана Пејсерс победија во Оклахома со 111:110, во првиот финален натпревар од НБА лигата. Пјесерс победија со поените…

June 6, 2025
СПОРТ

Дисциплинска против ФК Шкендија – недолично однесување на навивачи и непочитување на минута молк

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) отвора дисциплинска постапка против ФК Шкендија поради нечовечкото однесување на навивачите и непочитувањето на минута…

March 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?