Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ПАЗАРЕН ИНСПЕКТОРАТ: Инспекциски контроли во маркетите низ цела Македонија, утврдено дека цените се намалени за 10 отсто
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > ПАЗАРЕН ИНСПЕКТОРАТ: Инспекциски контроли во маркетите низ цела Македонија, утврдено дека цените се намалени за 10 отсто
ЕКОНОМИЈА

ПАЗАРЕН ИНСПЕКТОРАТ: Инспекциски контроли во маркетите низ цела Македонија, утврдено дека цените се намалени за 10 отсто

Објавено December 15, 2024 19:00
Сподели
Сподели

Имајќи предвид дека од денеска почнува кампањата на Владата „Помалку трошоци, повеќе за тебе – Се грижиме!“, Пазарниот инспекторат низ цела Македонија врши контроли во ланци на маркети кои согласно законот вршат дејност и во недела, со цел мониторинг на цените на производите кои се опфатени со „Новогодишната кошница“.

Од мониторингот е уврдено дека цените на производите од „Новогодишната кошница“ се намалени за 10 отсто и на рафтовите се означени со соодветната ознака.

-Мониторингот на цените се врши во согласност со Законот за заштита на потрошувачите и Законот за трговија, односно се гледаат сегашните цени на производите кои ги содржи листата од „Новогодишната кошница“ заедно со најниските цени на истите производи кои биле применувани во последните 30 дена. Кампањата ќе трае до 15 јануари 2025 година, а Државниот пазарен инспекторат ќе врши контрола низ маркетите за да  утврди дали се почитува договорот постигнат помеѓу Владата и трговците. Во кампањата се вклучени 80 трговци, со листа од над 800 прехранбени производи која граѓаните може да ја најдат на веб страната www.mojakosnica.mk. Дополнително се очекува листата да се проширува и да опфати над 1 000 производи, потсетува Инспекторатот.

Пазарниот инспекторат апелира, доколку граѓаните забележат какви било манипулации, да пријават на 191 или на www.dpi.gov.mk.

И премиерот Христијан Мицкоски попладнево преку својот фејсбук профил објави дека од денеска почнува акцијата со која, како што нагласува, директно им се помага на граѓаните.

-Од денеска почнува кампањата „Помалку трошоци, повеќе за тебе – Се грижиме“ со која се намалуваат цените на над 800 прехранбени производи во пресрет на новогодишните празници. Во новогодишната потрошувачка кошничка листа спаѓаат цела низа производи како леб и житарици, пекарски производи, месо и преработки од месо, риба, млеко и млечни производи, кондиторски производи, свежо, замрзнато и конзервирано овошје и зеленчук, безалкохолни (газирани и негазирани) напитоци и друго. Кампањата ќе трае до 15 јануари 2025 година. Вклучени се над 80 компании, а новогодишната потрошувачка кошничка би се проширила со над 1 000 производи. Вака директно помагаме за стандардот на граѓаните и заштита од ценовни шокови, наведува Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ракометарките против Полска во баражот за пласман на СП 2025
Следна Статија Се запали новогодишната елка кај ТЦ „Бисер“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Струјата нема да поскапи? Енергетските компании нема да побараат зголемување на цената

Генералниот директор на АД ЕСМ Лазо Узунчев не очекува да има промена на цената по која компанијата му ја продава…

June 2, 2025
ЕКОНОМИЈА

Скоро 16.000 работници од Македонија годинава заминале да работат во Хрватска

Работната миграција од Македонија останува стабилна – секоја година меѓу 15 и 25 илјади луѓе од земјава одат на сезонска…

October 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

Трајановски: За максимум четири години ќе бидат завршени сите делници што ги гради „Бехтел и Енка “

Откочени се одредени процеси со „Бехтел и Енка“ и во наредните максимум четири години ќе бидат завршени автопатите од коридорите…

November 6, 2024
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Јавниот долг намален за 4,7 процентни поени, продолжуваме со забрзан економски раст

Министерството за финансии ги објави податоците за нивото на јавниот долг на крајот на првиот квартал од 2025 година. Согласно…

May 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?