Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Камер: Народната банка помогна успешно да се намали инфлацијата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Камер: Народната банка помогна успешно да се намали инфлацијата
ЕКОНОМИЈА

Камер: Народната банка помогна успешно да се намали инфлацијата

Објавено October 8, 2024 11:00
Сподели
Сподели

„Намалувањето на инфлацијата од 19,8 отсто во октомври 2022 година на 2,2 отсто до август 2024 година е клучно достигнување, главно благодарение на одлучноста при зголемувањето на каматните стапки на централната банка. Сепак, иако инфлациските притисоци се намалија, и понатаму има значителни ризици. Поради глобалната несигурност, како и нестабилните цени на енергијата и геополитичките тензии, централната банка мора да биде внимателна и да ги користи сите достапни алатки како што се приспособувањата на каматните стапки, девизните интервенции и мерките за управување со ликвидноста, за да нема промена во инфлациските очекувања“, нагласува Алфред Камер, директорот на Меѓународниот монетарен фонд за Европа, во интервју за порталот „Фактор“.

Според него, зачувувањето на независноста на Народната банка е од витално значење за таа да биде постојано посветена на контролата на инфлацијата и одржувањето на финансиската стабилност, што ќе придонесе за поддршка на растот и довербата во економијата кај домашните и странските инвеститори.

„Независноста на Народната банка е најважниот фактор за нејзиниот успех. Според нашата анализа во ММФ, Народната банка е меѓу највисоко рангираните во регионот и цела Европа според новоизработениот Индекс на независноста на централните банки. Способноста на Народната банка да работи без политичко мешање ѝ овозможи да носи тешки, но неопходни одлуки, како неодамнешните зголемувања на каматните стапки, со кои се зголеми привлечноста на штедењето за домаќинствата и претпријатијата, а со тоа успешно се намалија инфлацијата“, посочува Камер. Директорот на ММФ за Европа истакнува дека независноста мора да биде проследена со транспарентност и отчетност. „Во оваа смисла, неодамнешното доброволно учество на Народната банка во пилот-проектот за оцена на усогласеноста со новиот Кодекс на ММФ за транспарентноста на централните банки на ММФ, како прва централна банка во регионот, исто така ја одразува нејзината посветеност на високите стандарди за транспарентност“, посочи Камер.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Кога ќе има нови детали со Бугарија ќе ја информирам опозицијата, нема да ја повторувам нивната грешка
Следна Статија Битиќи: Дајте им вода за пиење на луѓето во Струмица и Гостивар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски: „One stop shop“ железнички премин помеѓу Македонија и Србија, Коридорот 10 еден од главните крвотоци на државата!

Задоволство е да означиме почеток на уште еден проект. Се работи за заеднички железнички премин помеѓу Македонија и Србија, на…

March 5, 2025
ЕКОНОМИЈА

175 Црни петок зделки кои сè уште се активни, потврдени од стручњаци за зделки

Црниот петок речиси заврши за 2025 година, но сè уште можете да заштедите на подароци и листата на желби

November 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Наследивме катастрофална состојба со субвенциите, но веќе се консолидиравме и повеќе нема да има каснење како порано

Што се однесува до тој дел од општеството катастрофална и алармантна беше состојбата, но се консолидира. Не велам дека е…

November 30, 2024
ЕКОНОМИЈА

Азески се сретна со претставници на „Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп“

Претседателот Стопанската комора, Бранко Азески имаше средба со генералниот директор на компанијата „Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп“ (ФМТКП), Иван Костич…

April 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?