Европскиот дисконтен малопродажен синџир Pepco ќе ги отвори првите продавници во Македонија во средината на 2026 година, започнувајќи во Скопје. Со тоа земјава ќе стане 19-та европска држава во која овој популарен бренд е присутен.
„Македонскиот пазар одамна е на нашата мапа. По успешното работење во регионот, со задоволство потврдуваме дека Македонија ќе биде нашата деветнаесетта европска земја,“ изјави Марчин Станко, извршен директор за Централна и Источна Европа во Pepco.
Pepco е познат по широката понуда на модерни и достапни производи за домот и гардеробата, со повеќе од 4.000 продавници во 18 земји и над 30 милиони купувачи месечно.
Првите продавници во Македонија ќе нудат детска и женска облека, производи за домаќинство, декор и кујнски артикли, по пристапни цени. Продавниците ќе имаат просечна големина од околу 500 квадратни метри и ќе бидат лоцирани во трговски центри, паркови и главни улици.
Отворањето ќе донесе и нови можности за вработување, особено за лица со искуство во малопродажбата кои сакаат да станат дел од меѓународна компанија со високи стандарди.